Хуан де ла Коса
Хуан де ла Коса (околу 1450 – 28 февруари 1510) бил шпански истражувач и картограф, познат по тоа што ја создал прваа европска карта на двете Америки, откриени во 15 век. Тој бил клучна личност во првото и второто патување на Колумбо, бидејќи бил сопственик и капетан на бродот Санта Марија.
Хуан де ла Коса | |
---|---|
Хуан де ла Коса | |
Роден(а) | меѓи 1450 и 1460 Сантоња, Шпанија |
Починал(а) | 28 февруари 1510 Турбако, Колумбија |
Националност | Шпанец |
Занимање | Истражувач |
Во 1499 година, бил член на експедицијата на Алонсо де Охеда на Јужна Америка. Откако се вратил во Андалусија, ја исцртал познатата mappa mundi („светска карта“), а потоа со Родриго де Бастидас продолжил да истражува. Во 1509 година, ја започнал својата последна експедиција, повторно со Охеда, кон брегот што денес е Колумбија.
Умрел во вооружен конфликт со домородните луѓе.[1]
Животопис
уредиНикој не знае кога точно и каде е роден Хуан де ла Коса, но прифатена е хипотезата дека е роден во Сантоња, Калабрија,[2] бидејќи таму постојат документи според кои тој, неговата сопруга и неговата ќерка живееле во тој град.[3]
Датумот на неговото раѓање е исто така непознат, но се смета дека е роден меѓу 1450 и 1460 година, а не е позната никаква информација во врска со неговото детство. Се претпоставува дека како млад пловел околу Бискајскиот Залив како и околу Канарските Острови и Западна Африка.[4]
Првата сигурна информација поврзана со него потекнува од 1488 година, кога Хуан де ла Коса бил во Португалија. Во тоа време, истражувачот Бартоломео Диас пристигнал во Лисабон, откако стигнал до ’Ртот на Добрата Надеж. Се претспоставува дека Католичките кралеви го испратиле Хуан де ла Коса како шпион во тој град за да ги дознае информациите и деталите на тоа откритие. Успеал да се врати пред да биде заробен.[5]
На почетокот на 1490ти години, Хуан де ла Коса живеел во Пуерто де Санта Марија и поседувал брод нареќен Маригаленте или Галицијан.
Наводи
уреди- ↑ Floyd, Troy (1973). The Columbus Dynasty in the Caribbean, 1492-1526. Albuquerque: University of New Mexico Press. стр. 135.
- ↑ Cánovas del Castillo y Vallejo, p.11
- ↑ Bilbao, Pedro (1948). „Juan de la Cosa“ (PDF). VII Congreso de Estudios Vascos (Biarritz) (шпански). San Sebastián: Eusko Ikaskuntza: 321–328. ISBN 84-8419-931-2. Архивирано од изворникот (pdf) на 2019-09-02. Посетено на 5 January 2013.
- ↑ Cervera Pery, José (2000). „Juan de la Cosa: el marino y el hombre“ [Juan de la Cosa: the sailor and the man]. Cuadernos Monográficos del Instituto de Historia y Cultura Naval (шпански) (35): 49–57. Посетено на 5 January 2013.
- ↑ „Juan de la Cosa“ (шпански). ArteHistoria. Архивирано од изворникот на 26 март 2010. Посетено на 5 јануари 2013.
Библиографија
уреди- Cánovas del Castillo y Vallejo, Antonio (1892). Ensayo biográfico del célebre navegante y consumado cosmógrafo Juan de la Cosa y descripción e historia de su famosa carta geográfica (PDF) (шпански). Madrid: Tipo-Litografía de la V. Faure.
- Humboldt, Alexander (1836–39). Examen critique de l'histoire de la géographie du Nouveau Continent, et des progrès de l'astronomie nautique aux 15me et 16me siècles (француски). Paris: Gide.
- León Guerrero, María Montserrat (2000). El segundo viaje colombino (PDF) (PhD) (шпански). Universidad de Valladolid. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-13.
- López de Gómara, Francisco (1553). Historia General de las Indias (шпански). Medina del Campo.
- Manzano Manzano, Juan (1988). Los Pinzones y el Descubrimiento de América (шпански). Madrid: Ediciones de Cultura Hispánica. ISBN 978-84-7232-442-8.
- Sánchez, Antonio (2013). La espada, la cruz y el Padrón: Soberanía, fe y representación en el mundo ibérico bajo la Monarquía Hispánica, 1503-1598
- Smith, James L. (28 November 2014). „Europe's confused transmutation: the realignment of moral cartography in Juan de la Cosa's Mappa Mundi (1500)“. European Review of History: Revue européenne d'histoire. 21 (6): 799–816. doi:10.1080/13507486.2014.960813.
Надворешни врски
уреди„Хуан де ла Коса“ на Ризницата ? |