Христо Клингов
Христо Клингов ( 1903 во Србиново — 1990 во Бугарија) — македонски активист. Жртва на комунистичкиот режим во НР Бугарија.[1]
Христо Клингов | ||
![]() | ||
Роден | 1903 година Србиново, Солунски Вилает, Османлиска Империја | |
---|---|---|
Починал | 1990 година | |
Народност | Македонец | |
Сопружник | Наз'лка Клингова | |
Мајка | Ѓурѓа Клингова |
Животопис
уредиБил предан јатак и подржувач на илегалната чета на Герасим Тодоров. За време на блокадата неговото семејство било жестоко измачувано. Бил осуден на пет години строг и темничен затвор. Во логорите на смртта ја одлежал целата казна. За време на распитите, тој бил најмногу мачен од Костадин Ќуљумов.[1]
Поврзано
уреди- Наз'лка Клингова (негова сопруга)
- Ѓурѓа Клингова (негова мајка)