Ѓурѓа Клингова - Баба Ѓоша ( 1879 во Черниче, Пиринска Македонија, Бугарија1962) — македонски активист. Жртва на комунистичкиот режим во Бугарија.[1]

Ѓурѓа Клингова
Родена 1879 година
Черниче, Пиринска Македонија, денеc Бугарија
Починала 1962 година
Националност Македонка
Деца Христо Клингов и уште 4 деца.

Животопис уреди

Таа многупати во минатото ја пречекувала четата на Јане Сандански. Родила и одгледала пет деца. Еден од нив бил Христо Клингов. На нејзини 69 години станала јатак на Петар Грков - Пецето. На почетокот на блокадата, Пецето останал сам и некако успеал да дојде до селото Ракитна, високо над селото Брежани и побарал прибежиште кај баба Ѓоша, која најљубезно го примила и го криела. Биле многу вознемирени од можноста дека полицајците на Антон Југов би можеле да ги пронајдат, па таа спремила скривалиште на место кое не било воопшто сомнително. За да можел Грков слободно да се движи до скривалиштето, Ѓоша го облекла во нејзини алишта, му врзала црна шамија на главата и му дала бастум за да се потпира на него. До самото самоубиство на Грков, баба Ѓоша непрекинато се грижела за него.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Монев, Крум. Зловещата - 1948 год. за Пиринска Македония. Горна Џумаја. стр. 126–127.