Наз'лка Клингова ( 1902 во Србиново (Пиринско) , Пиринска Македонија, Бугарија) — македонски активист. Жртва на комунистичкиот режим во Бугарија.[1]

Наз'лка Клингова
Родена 1902 година
Србиново (Пиринско) , Пиринска Македонија, денеc Бугарија
Националност Македонка
Сопружник Христо Клингов

Животопис

уреди

Наз'лка била сопруга на Христо Клингов односно снаа на Ѓурѓа Клингова. Важела за предана јатачка на нелегалната чета на Петар Грков. Израснала како сираче во многу сурови услови, па поради тоа израснала во упорна жена со силен карактер и силна волја. За време на блокадите, таа била уапсена и измачувана по најжесток и најсадистички начин. Целта на мачењето била да се извлечат информации за местоположбата на Петар Грков. После неколку-дневно мачење, била извадена од нејзината куќа и ја однеле кај некое дрво каде ја врзале за нозете, да виси со главата надолу. Запалиле мокра слама, за ја задушат, па на тој начин да ја натераат да прозбори. Но и тоа било безуспешно. Потоа ја запалиле нејзината долга коса, која почнала да паѓа, а таа ги проколнала („И вашата душа да паѓа како што паѓа мојата коса“), по што изгубила свест.[1]

После многу години еден од луѓето кој ја мачел, навистина се разболел од болест од која му се сушеле мускулите и се соголувале коските. Неговите блиски заминале кај видовитата Баба Ванѓа, за да побараат помош за него. Од Ванѓа добиле одговор, дека тој човек има направено тешки гревови кон некоја жена која ја мачел и сега треба да отиде кај неа и да бара прошка. Се верува дека роднините побарале прошка од Наз'лка, но никогаш не ја добиле. Според кажувањата на Наз'лка, таа успеала да препознае некои од луѓето кои ја тепале, тоа биле: Славчо Тасков и Христо Чивиов од село Градево.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Монев, Крум. Зловещата - 1948 год. за Пиринска Македония. Горна Џумаја. стр. 129–130.