Христо Караманов
Христо Караманов (Просечен, Драмско, Егејска Македонија, 1883 — Неврокоп, Пиринска Македонија, Царство Бугарија, 5 август 1922) — македонски револуционер, учител и деец на ВМОРО.[1][2]
Животопис
уредиГо завршил Егзархиското педагошко училиште во Сер, а бил учител во Одринско и Неврокопско. Како учител во Драма, истовремено бил раководител на Околискиот комитет во градот. Во време на младотурскиот период, во септември 1909 година, бил уапсен заради учество во атентатот врз федералистот Герасим Огњанов во Солун.[2]
Во 1922 година, тој не се согласувал Македонската револуционерна организација да биде водена од Тодор Александров и Александар Протогеров и го одбил членувањето во истата. Поради тоа во една кафеана во Неврокоп, бил убиен од четници на ВМРО на Тодор Александров.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Динев, Ангел (1983). Политичките убиства во Бугарија. Скопје: Култура-Скопје. стр. 328. ISBN 323.285.497.3 Проверете ја вредноста
|isbn=
: invalid character (help). - ↑ 2,0 2,1 Литовски, Александар (2012). Јубилеен календар за егејскиот дел на Македонија во 2012. Битола: Македонско научно друштво. стр. 62. ISBN 978-608-65272-1-1.