Христо (Ичко) Бабјански или Бабе или Бамбовмакедонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.[1]

Христо Бабјански
Роден Бабјани, Отоманско Царство
Починал 8 февруари 1905
Крива, Отоманско Царство

Животопис

уреди

Роден е во ениџевардарското село Бабјани, тогаш во рамките на Отоманското Царство. Дејствува со чета во Пајак Планина заедно со својот брат Димитар Бабјански. Се приклучува кон ВМОРО, и станува четник во четата на Павел Граматиков и Апостол Петков. Во текот на 1904 година, го убива Константин Дојамов, братучед на одметниците од ВМОРО Лазар, Траян, Гоно и Димитар Дојамови[2].

Учествува во Илинденското востание како војвода во Солунскиот револуционерен округ.[3] Потоа е подвојвода за планинскиот реон. Загинува во борба со турскиот аскер во месноста Крушка, на Пајак Планина, кај селото Крива, на 8 февруари 1905 година. Главата му е отсечена и покажана во околните села.[4]. Според друг извор, тој загинал заедно со еден од своите борци, на 26 јануари 1905 година.[5].

Наводи

уреди
  1. Енциклопедија ВМРО, Скопје 2015, стр. 28
  2. Οι Μακεδονομάχοι Αδελφοί Δογιάμα, Κωνσταντίνος Δογιάμας, Εκδόσεις: University Studio Press, Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών
  3. 100 години Илинденско востание
  4. Бабев, Иван. Македонска голгота - Спомени и изповеди от Ениджевардарско, ТАНГРА ТанНакРа ИК, Софија, 2009, стр.200, 230
  5. Николов, Борис Й. „Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник”. Софија, 2001, стр. 14.