Трајан Дојамов (на грчки: Τραϊανός Δογιάμας, Траянос Дојамас или Τράιος Δογιάμα, Трајос Дојама), e гркомански деец на грчка андартска чета во Македонија, ренегат од Внатрешната македонско-одрински револуционерна организација.

Животопис

уреди

Трајан Дојамов е роден во семејството на Христо и Гилја (Ангелика) Дојамови во селото Баровица, што тогаш е во Османлиското Царство, денес Кастанери, Грција. Знае да пишува и на бугарски и на грчки јазик. Трајан има тројца браќа - Гоно (Гонос), Димитар (Митрос) и Лазар (Лазарос), како и сестра Марија. Трајан Дојамов станува нелегален и се вклучува во чета на Внатрешната македонско-одрински револуционерна организација, а подоцна се вклучил и неговиот брат Лазар. Турците ги уапсиле Гоно и Димитар, но тие успеваат да избегаат и се приклучуваат кон другите двајца браќа.

Во 1903 година Трајан Дојамов дејствува со чета во реонот на Пајак Планина. Во 1904 година се присоединува кон четата на својот брат Лазар, кој во меѓувреме се приклучува на грчката вооружена пропаганда во областа. Заедно двајцата на крајот на 1904 година влегуваат во Баровица и Лазар убива неколку дејци на ВМОРО. За казна Христо Бабјански на 27 декември 1904 година го обесил братучедот на Дојамови, Костадин Дојамов меѓу Бојмица и Горгопик. Откако неговите браќа Гоно и Димитар се уапсени од страна на Турците во почетокот на 1905 година се префрла во реонот на Ениџевардарското Езеро кај Михаил Мораитис каде во ноември пристигнува и неговиот брат.

Предавството не е откриено и продолжува да одржува добри односи со Апостол Петков и истовремено со андартскиот капетан Христос Карапанос. Фатен е од османлиските власти и е предаден во Софија. Кратко е уапсен, а потоа е ослободен, но е сместен во гостилница под полициски надзор. Почнува да кореспондира со писма со својот брат Лазар Дојамов и со гуменџенскиот раководител на грчката пропаганда Ангелос Сакелариус кој го повикува Стефанос Драгумис кон крајот на 1906 година да преземе мерки за бегство на Трајан назад во внатрешноста на Македонија. Во почетокот на 1907 година Трајан Дојамов е убиен при обид да премине бугарско-турската граница [1].

Извори

уреди
  1. Οι Μακεδονομάχοι Αδελφοί Δογιάμα, Κωνσταντίνος Δογιάμας, Εκδόσεις: University Studio Press, Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών