Гоно Дојамов или Бѝката (Γκόνος Δογιάμας, Гоно Дојамас или Γκόνος Δογιάμα, Гонос Дојама), е андарт и учесник во Борбата за Македонија [1][2].

Гоно Дојамов
Роден ?
Баровица, денес Грција
Починал ?
Црна река, денес Грција

Биографија

уреди

Гоно е роден во семејството на Христо и Гилја (Ангелики) Дојамови од гуменџенското село Баровица, денес Кастанери, Грција.

Гоно имал три браќа, Лазар (Лазарос), Димитарр (Митрос) и Трајан (Трајанос), како и сестра Марија.

Трајан Дојамов станал нелегален и се вклучил во чета на Македонската револуционерна организација, a по неговите стапки тргнал и Лазар. Турците ги уапсиле останатите двајца браќа Гоно и Димитар, но тие успеале да избегаат и се присоединиле кон своите браќа.

 
Димитар (седнат лево), Лазар (во средина) и Гоно Дојамов (десно исправен).

Со засилувањето на грчката воружена пропаганда, Гоно со своите браќа Димитар и Лазар се приклучиле на грчката казуза и станале андарти во четата на Михаил Мораитис (капетан Кодрос).

Во декември 1904 година четата на Македонската револуционерна организација го обесикла нивниот братучет Лазар Константин Дојамов меѓу селата Горгопик и Бојмица.

На 19 мај 1905 година четата на Мораитис во која биле браќата Дојмови имала судир со аскерот меѓу селата Црна река и Баровица. Во судирот загинал андартскиот капетан и неговиот заменик Спирос Франгопулос, останатите биле убиени или заробени

По воспоствавувањето на грчката власт над Егејска Македонија, Гоно ја имал довербата на новата власт. Во текот на Втората светска војна и германската окупација над Грција, Гоно со своите синови се вклучил во паравоената организација Општогрчката ослободителна организација кој меѓу другото била во судир со Комунистичката партија на Грција. Синот на Гоно, Мицо Дојамов ја запалил базата на ЕЛАС во Црна река, а самиот Гоно бил застрелан од партизаните во селото.

По завршувањето на Граѓанскат6а војна во Грција меѓу Гуменџе и Баровица е подигнат споменик на Гоно до спомениците на неговите браќа. НА официјалното откривање на бистите присуствуваоле воени офицери на грчката армија.

Извори

уреди
  1. „Ένας αιώνας από τη λήξη του Μακεδονικού Αγώνα“. Архивирано од изворникот на 2009-05-01. Посетено на 2011-01-02.
  2. Δογιάμας, Κωνσταντίνος. Οι Μακεδονομάχοι αδελφοί Δογιάμα[мртва врска], University Studio Press, Αθήνα, 2009, ISBN 978-960-12-1859-5