Христо Ќуркчиев (роден во 1872 година во Крушево, починал во 1941 година во Софија) бил еден од шестте членови на Привремената влада на Крушевската Република и првиот и единствен градоначалник во Крушевската Република.

Христо Ќуркчиев
Портрет на Христо Ќуркчиев
1-ви Градоначалник на Крушево
На должноста
3 август 1903 – 13 август 1903
Лични податоци
Роден(а) 1872 г.
Крушево, Отоманско Царство
Починал(а) 1941 г.
Софија, Царство Бугарија
Занимање чевларство

Животопис

уреди

Христо Ќуркчиев е роден во 1872 година во градот Крушево, тогаш Отоманско Царство. Според потеклото, неговиот дедо Трајчо Стрезов бил од селото Бучин, Крушевско, но од таму бил протеран па со целата фамилија се преселил во Крушево. Ќуркчиев образованието го има завршено во Солунската машка гимназија каде што научил течно да зборува на француски јазик.[1] Пред да се подигне востанието се знимавал со чевларство.

Во Крушевската Република

уреди

Веднаш по прогласувњаето на Крушевската Република се дала иницијатива за формирање на Привремена влада. Во неа влегле шестмина граѓани на Крушево, меѓу кои и Христо Ќуркчиев. Секој од нив добил функција според нивното искуство, па така Ќуркчиев бил назначен за градоначалник, при што неговата функција била и да раководи со градската милиција.

Амнестија и емиграција

уреди

По падот на републиката и заземањето на Крушево и Крушевско од османлиската војска, заедно со Димитар Секулов, одговорен за прехрана и производство, наводно поради тоа што ги заштитил жените во турската администрација[се бара извор] бил испратен во Битола од Бахтијар паша. Сепак, во 1904 година се спасува од општа амнестија и веднаш емигрира во Бугарија каде што се сместува во Софија.

Животот во Софија го посветува на својот стар занает, при што се занимавал со чевларство, и поради таа причина отворил чевларски дуќан. Во 1941 година добива мозочен удар и умира во Софија, Бугарија во своите 60-ти години.

Наводи

уреди
  1. „Ден спроти Илинден: Кој бил најобразованиот во Крушевската Република?“. Факултети. 1 август 2017. Посетено на 25 ноември 2017.