Христијанска црква „Божји Глас“

Христијанска црква Божји глас — самостојна и автокефална црква,  со седиште во Скопје. Христијанската црква „Божји Глас“ е баптистичка црква во Македонија, која е дел од Евангелско-протестантската иницијатива (ЕПИ) и учествува во нејзините заеднички активности. Особените верувања на баптизмот се: крштевање возрасни верници со целосно потопување во вода, потполна одвоеност на црквата од државата, автономија на месната црква и слобода на совеста.

Христијанска црква Божји глас
КратенкаХцБг
Основана2000
ВидЦрква
РегионМакедонија Македонија
ПрипадностЕвангелско-протестантската иницијатива

Историјат

уреди

Во 1998 година Сојузот на христијани баптисти на Македонија одлучи да формира нова заедница во скопската населба Кисела вода. Таа црква го избира името „Божји Глас“ и се осамостои во 2000 год. [1], и колоквијално е позната како втора баптистичка црква. Црквата којашто ја води Боре Блажевски, и во која проповедаа многу од членовите кои ротираат, брзо растеше, особено во времето на косовската криза, кога црквата се вклучи во хуманитарна работа. Истата година редовната посетеност е 90 - 110 луѓе, кои буквално го преплавуваа црковниот простор. Христијанската црква Божји глас, во 2007 год. има 36 членови и уште толку посетители, и со помош од мисионерите на ИМБ се отвораат мисиски станици во Охрид (2006 год.) и Прилеп (2007 год). [2]

Активности

уреди

Издавачката дејност се одвива во содејство со здруженијата „Љубители на христијанското евангелие“ и „Изгрев“. Во соработка со нив се организираат разни образовни, хуманитарни, социјални и културни настани. Се организираат разни специјализирани образовни семинари за брак и семејство, за родители со деца со аутизам, распределување на училиштен материјал за деца од ранливи семејства, помош на поплавени (или загрозени од друг вид несреќа) семејства, реконструкција на селски училишта, посети на болни и стари лица, итн.

Христијанската црква „Божји глас“ има долгогодишна соработка со здружението „Љубители на Христијанското Евангелие“ во бесплатно делење на христијанска книжевност, Библии, Нови завети и друго, како и со здружението „Самарјанска торба“ во поделба на божиќни пакетчиња на деца од предучилишна возраст во градинки, во училишта и други установи. Исто така има соработка и со останатите евангелско-протестантски цркви и сродни здруженија во Македонија преку заеднички богослужби, организирани детски и младински летни кампови и семинари и други проекти.

За децата се организираат посебни летни кампови преку здружението „Мисија за евангелизација на деца“, а преку здружението „Кралски извидници“ курсеви и кампови за снаоѓање во природа и дружење.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „ПРЕГЛЕД на регистрирани цркви, верски заедници и религиозни групи“. Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи. Посетено на 2021-10-26.
  2. Јоновски, Јован (2021). Историја на Евангелско-протестатнските цркви во Македонија, каталог на изложба. Скопје: Изгрев. стр. 48. ISBN 9786086604660. Укажано повеќе од еден |author= и |last= (help)
  3. И тие се тука. Скопје: Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи. 2019. стр. 47–50. ISBN 9786086634803.

Надворешни врски

уреди