Хрисопелија или Хрисопелеја во старогрчката митологија била нимфа.

Митологија

уреди

Била Хамадријада од Аркадија, која се омажила за Аркад, епонимен херој на таа област. Според Аполодор, со нив ги имала синовите Елат и Афид. Нејзините родители никаде не се наведени. Кога Аркад бил во лов, приметил дека нимфа била во опасност, бидејќи порој од планината тргнал да го уништи дрвото храст кое го населувало. Затоа Аркад го свртел текот на поројот и го осигурил дрвото со помош на брана. Хрисопелија е можеби истата личност како и Ерато, дријада со претскажувачка моќ, исто така аркадова сопруга, а која ја споменувал Паусанија. На тоа укажува нејзиното име, изведено од грчките зборови peleia, што значи „гулабица“ (полно значење на нејзиното име е „златна гулабица“), која често била дел од имињата на женските пророци, како Пелида од Додона.[1]

Занимливости

уреди

По името на Хрисопелија дадени се научните имиња на два рода на животни: на еден род на молци (Chrysopeleia) и на еден род на змии (Chrysopelea).

Наводи

уреди