Дријади (грчки јазик|Δρυάδες) (латински јазик|Dryades) — шумски нимфи во старогрчката митологија.[1]

Дријада, слика на британска сликарка Евелин Де Морган од 19 век

Митологија

уреди

Дријади се бесмрттни, за разлик од останатите видови, Хамадријади и Мелијади, кои живееле во храстовото дрво и умирале заедно со него. Омилената забава на многу нимфи бил ловот. Овие нимфи честопати биле придружнички на божицата Артемида или Дијана, божицата на ловот. Таа била моќна божица на шумата и господарка на дивите ѕверови. Поради големиот број на нимфи кои ги прателе, понекогаш се нарекува и божица на нимфи.

Многу нимфи се обидувале да се натпреваруваат со Артемида, не само во ловот, туку и со чување на девственоста. Тоа честопати било неможно, бидејќи моќните богови - Зевс, Посејдон, Аполон или смртните луѓе, како Миној, честопати се обидувале да ги заведат или грабнат. Меѓутоа, малку нимфи успевале да побегнат на вљубените богови или луѓето и да ја сочувааат својата невиност.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Замаровски 1985, стр. 73.

Литература

уреди
  • Замаровски, Војтех (1985). Јунаци античких митова: Лексикон грчке и римске митологије. Загреб.

Надворешни врски

уреди