Хрвоје Класиќ (Сисак, 6 декември 1972) — хрватски историчар.[1]

Хрвоје Класиќ
Hrvoje Klasić
Хрвоје Класиќ во 2017
Роден(а)6 декември 1972(1972-12-06)(51 г.)
Сисак, СР Хрватска, СФР Југославија
ЗанимањеИсторичар
ПартијаСоцијалдемократска партија на Хрватска

Животопис

уреди

Хрвоје Класиќ е роден на 6 декември 1972 година во Сисак, каде што завршил основно и средно образование. Дипломирал историја на Филозофскиот факултет во Загреб во 1997 година, каде што подоцна докторирал со тема „1968 г. во Југославија. Општествено-политичките промени во Југославија во контекст на светските настани“.

Од 1995 година работел како професор по историја во гимназијата во Сисак, а од 2003 година работи на Историскиот отсек на Филозофскиот факултет во Загреб.[2]

Со текот на годините често се појавувал во јавноста на теми поврзани со Втората светска војна.[3][4] Во јавните изјави, Хрвоје Класиќ силно го критикува односот на дел од хрватското општество кон НДХ и смета дека „сè поагресивниот национализам и шовинизам ја уништуваат Хрватска“.[5]

Некои историчари ги критикуваат неговите јавни настапи како без вистинска научна компетентност на тема Втора светска војна.[6]

На темата историја на Југославија по Втората светска војна, која е во фокусот на неговата научна работа, Класиќ ја изнесува својата оценка дека Јосип Броз Тито не бил диктатор, туку автократски владетел, кој знаел да ја искористи моќта за да не изгледа како диктатура.[7]

Дела

уреди

Авторски книги

уреди
  • Хрватската пролет во Сисак, Средна Европа, 2006 г.
  • Југославија и светот во 1968 г. , Издавачка куќа Љевак, 2012 г.
  • Мика Шпиљак - револуционер и државник, Наклада Љевак, 2019 г.

Наводи

уреди
  1. [1], stranica djelatnika dr.sc. Hrvoje Klasić, doc., pristupljeno 23. rujna 2019.
  2. „Hrvoje Klasić“. YU Historija. Посетено на 2019-09-23.
  3. Zdenko Duka (2018-05-08). „HRVOJE KLASIĆ 'Plenković bi se trebao ponositi partizanima, a političari u Bleiburgu jasno osuditi NDH'. Novi list. Архивирано од изворникот на 23. rujna 2019. Посетено на 2019-09-23. Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)
  4. Tajana Vlašić (2015-05-16). „Pričali smo s cijenjenim povjesničarom o današnjoj komemoraciji na Bleiburgu i opasnom revidiranju povijesti“. Telegram. Посетено на 2019-09-23.
  5. Tanjug (2019-09-08). „Hrvatski istoričar Klasić: U Hrvatskoj je sve super ako si Hrvat, katolik i član HDZ, a Srba nema“ (srpski). Telegraf.rs. Посетено на 2019-10-05.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  6. Mateja Jozeljić (2019-04-11). „Dr. Mario Jareb o Klasiću, NDH, Goldsteinu…“. Narod.hr. Посетено на 2019-09-23.
  7. „NEDJELJOM U DVA: Hrvoje Klasić: Tito nije bio diktator, a Tuđman bi loše prošao u lustraciji“. PolitikaPlus. 2015-05-17. Архивирано од изворникот на 26. rujna 2020. Посетено на 2020-08-03. Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)