Општина Храстник (словенечки: Občina Hrastnik) — општина во средна Словенија. Седиште на општината е градот Храстник. Областа е дел од историскиот регион Штаерска. Денес е дел од Засавскиот статистички регион.

Општина Храстник
Občina Hrastnik
општина
Грб на Општина Храстник
Местоположба на Општина Храстник во Словенија
Местоположба на Општина Храстник во Словенија
Земја Словенија
СедиштеХрастник
Управа
 • ГрадоначалникМарко Функл
Површина
 • Вкупна58,6 км2 (22,6 ми2)
Население (2020)
 • Вкупно9.113
 • Густина160/км2 (400/ми2)
Час. појасCET (UTC+01)

Сместена во долината на мала притока на реката Сава, областа е позната по своите богати наоѓалишта на јаглен. Ископувањето јаглен во областа започнало во 1804 година. Околните врвови ги вклучуваат планината Кум (1220 m), планината Мрзлица (1122 m) и ридот Копитник (910 m). Областа околу Копитник е заштитена како природен резерват. Животински видови како што се големиот тетреб и дивокозата живеат во околните шуми.[1]

Населени места

уреди

Покрај општинското седиште Храстник, општината ги опфаќа и следните населени места:

Наводи

уреди
  1. „Občina Hrastnik“. www.hrastnik.si. Посетено на 2021-11-25.

Надворешни врски

уреди