Хотел „Палас“ (Охрид)
Хотел „Палас“ — хотел во градот Охрид чија зграда е прогласена за културно наследство на Македонија.[1]
Хотел „Палас“ | |
---|---|
Поглед на зградата | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | хотел |
Стил | модернизам |
Адреса | ул. „Партизанска“ б.б. |
Град | Охрид |
Земја | Македонија |
Почната | 1952 |
Завршена | 1957 |
Технички податоци | |
Катови | 6 |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Едо Михевц |
Архитектура
уредиХотелот е сместен на охридското шеталиште — од една страна гледа кон кејот „Македонија“, а од другата кон ил „Партизанска“. Изграден е во периодот од 1952 до 1957 година. Архитектурата на карактеристична за модернизмот кој преовладувал во тоа време. Градена е на четири дела. Првиот дел, која има партитура и пет ката, е без еркери, со правоаголни прозорци, сместени симетрично еден над друг, а фасадата на тој дел е од бел мермер. Останатите два дела се од партер и еден кат, со истата карактеристична мернерна фасада и строга симетрија. Двата дела се многупати реновирани, ресторанот е дограден во различен архитектонски стил. На приземниот кат хотелот има влезена сала со рецепција кон улицата „Партизанска“, а кон кејот се хотелските соби меѓу кои и ресторанот и барот, додека пак на катовите се гостинските соби.[1]
Зградата е во релативно добра состојба, но по затворањето на хотелот трпи постепени оштетувања поради неодржување. Зградата е наполно автентично зачувана, особено фасадата. Исклучок е ресторанот, кој е дограден и обновен од стакло и алуминиум, нарушувајќи го автентичниот изглед на хотелот.[1]
Во 2016 г. е отпочната реконструкција на хотелот со цел негово повторно отворање.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Архитектонски објект хотел „Палас"“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2016-03-20. Посетено на 17 октомври 2017.
- ↑ Рилковска, Соња (1 март 2016). „Ќе се рестартира хотелот „Палас"“. Канал 5. Посетено на 12 март 2022.