За бактериите, видете хламидии.

Една од најраспространетите бактериски причинители на сексуално преносливите болести е Chlamidia trachomatis. По своите микробиолошки одлики е грам-негативна облигатно внатреклеточна бактерија. Честотата на нејзината појава е 3 до 5.000.000 случаи годишно. Кај адолесцентки без симптоми, тестот за Chlamidia trachomatis е позитивен во 5 до 10 отсто, а кај сексуално активни личности во 10 отсто. Постојат три различни генитални родови на хламидијата што може да предизвикаат различни клинички манифестации:

  • околугенитални инфекции
  • лимфогранулома венерум (зголемување на лифни јазли околу гениталниот тракт).
  • трахом (заболување на очите)
Воспаление на грлото на матката од хламидија инфекција се одликува со мукопурулентно цервикално празнење, црвенило, и воспаление

Бактеријата навлегува и кон цилиндричниот епител кој се наоѓа на грлото на матката, мочниот канал (уретра) и дебелото црево, а начинот на пренесување е преку полови односи (најчест начин на пренесување), мајчино-фетелна трансмисија како последица на директен контакт на новороденото со родилните патишта на мајката во текот на породувањето и од гениталните органи индиректно преку рацете на око.

Бактеријата може да биде присутна во спермата, вагиналниот секрет, крвта и во урината.

Симптоми

уреди

Кај мажите најчесто се манифестира со печење и болки при мокрење, зголемен секрет од пенис, болки во тестисите и во долниот дел на стомакот, како и болен полов однос.

Кај жените во 80 отсто е без симптоми, а ако се појават, тоа се печење и болки при мокрење, вагинална секреција или крвавење, болен полов однос. Акутната форма се манифестира со болка под десниот ребрен лак, повраќање и покачена температура. Ако премине во хронична форма, се развива таканаречениот синдром на карлична инфламаторна болест со создавање на нежни прираснувања на и околу јајцеводите, што понатаму може да водат до тешкотии и неможност за забременување.

Како посебен може да се издвои Рајтеровиот синдром со конјунктивит, воспаление на уретрата или на грлото на матката кај жената, воспаление на зглобовите и карактеристични промени на слузници и на кожа.

Нелекуваната инфекција кај жената може да доведе до предвремено породување, а кај новороденото до инфекција на очите.

Една од најчестите компликации при хронична инфекција со хламидија е стерилитет кај мажи и жени.

Кај жените може да доведе до појава на вонматерична бременост, а во бременост - до предвремено прскање на плодовите обвивки и предвремено породување, спонтан абортус. Постојат и податоци за заостанување на растот и развојот на плодот интраутерино.

Дијагноза

уреди

Дијагнозата се поставува со земање брис, зависно од локализацијата на инфекцијата. Кај мажи може да се детектира и преку урина, а за посигурна дијагноза се испитуваат и антителата во крвта (серолошка дијагноза кај двата пола).

Постојат повеќе препорачани режими за третман за хламидијалната инфекција. Најчест препорачан режим е лекување со антибиотска терапија (Summamed, Doxscscli, Josamyci). Препораки при третман се:

  • да се третираат обата партнери
  • првата доза да се испие под лекарска контрола
  • при сексуални односи да се употребува кондом

Контрола за ефектот на терапијата се спроведува најмалку шест недели по третманот. Во бременост, во договор со гинеколог, се препорачува антибиотска терапија што не е контраиндицирана (Erytromyci, Amoxicili).

Инфекцијата на очите кај новороденото се превенира со соодветни антибиотски капки, а при акутна инфекција се третира со системска терапија. Сè уште не постои протокол за скрининг, односно пронаоѓање на ризична група жени што би требало да се испитаат за постоење на оваа инфекција.

Извор

уреди

Дневник Весник, Статија - Нелекувана кламидија - неможност за забременување, Скопје РМ, Изданије: понеделник, 31 мај 2004.

Надворешни врски

уреди