Хирокитија
Хирокитија (грчки: Χοιροκοιτία [çiɾociˈti.a] предложено значење Свињска-лулка • χοίρος: свиња • κοιτίς: место на потекло, лулка, турски: Hirokitya) ― археолошко наоѓалиште на островот Кипар кое датира од младото камено време. Тој е наведен како светско наследство од страна на УНЕСКО од 1998 година.[1] Наоѓалиштето е познато како еден од најважните и најдобро зачуваните праисториски наоѓалишта на источното Средоземје. Голем дел од неговото значење лежи во доказите за организирано функционално општество во облик на збирна населба, со околни утврдувања за заедничка заштита. Младокамениот некерамички период е претставен со оваа населба и околу 20 други слични населби распространети низ островот.[2]
Χοιροκοιτία, Chœrocœtía | |
Поглед на Хирокитија | |
Место | Ларнака, Кипар |
---|---|
Координати | 34°47′48.21″N 33°20′37.39″E / 34.7967250° СГШ; 33.3437194° ИГД |
Службен назив: Хирокитија | |
Тип: | Културолошки |
Критериуми: | ii, iii, iv |
Прогласено: | 1998 (22. седница), допрегледано 2012 |
Број | 848bis |
Регион: | Западна Азија |
Откритие
уредиНаоѓалиштето било откриено во 1934 година од Порфириос Дикеос, директор на Одделот за антиквитети, кој извршил шест ископувања помеѓу 1934 и 1946 година.[3] Неговите првични наоди биле објавени во „Весникот за хеленски студии“ (The Journal of Hellenic Studies) во 1934 година.[4] Понатамошни ископувања потоа биле одржани во раните 70-ти, но биле прекинати со турската инвазија на островот. Француската мисија под раководство на Ален Ле Брун го продолжила ископувањето на наоѓалиштето во 1977 година.[5] Била населена од VII до IV милениум п.н.е.[6][7]
Археологија
уредиНаселбата Хирокитија се наоѓа на падината на еден рид во долината на реката Марони, кон јужниот брег на островот околу 6 км од морето. Методите за преживување што ги практикувале неговите младокамени жители вклучувале земјоделски култури, овци и кози и одгледување свињи. Тоа било затворено село, отсечено од надворешниот свет, освен со река, со силен ѕид од камења дебел 2,5 м и 3 м на највисоко зачувано ниво. Пристапот во селото веројатно бил преку неколку влезни точки низ ѕидот. Зградите во рамките на овој ѕид се состојат од кружни структури склопени блиску една до друга. Долните делови на овие згради често се од камен и добиваат огромни размери со постојано додавање на понатамошни кожи од камења. Нивниот надворешен пречник варира помеѓу 2,3 м и 9,20 м додека внатрешниот пречник е само помеѓу 1,4 м и 4,80 м. Срушениот рамен покрив на една зграда пронајдена неодамна покажува дека не сите покриви биле во облик на купола како што првично се верувало.[8]
Внатрешните делови на секоја колиба биле според намената на нејзината употреба. Ниски ѕидови, платформи назначени за работа, одмор или места за складирање. Имале огништа кои се претпоставува дека се користеле за готвење и греење, клупи и прозорци и во многу случаи има докази за столбови за поддршка на горниот кат. Се верува дека колибите биле како соби од кои неколку биле групирани околу отворен двор и заедно го обликувале домот. Населението на селото во ниту еден момент се смета дека не надминувало 300 до 600 жители. Луѓето биле прилично ниски - мажите околу 160 сантиметри во просек, а жените околу 150. Смртноста на доенчињата била многу висока. Во просек, возрасните мажи достигнувале 35 години, а жените 33 години. Мртвите биле закопувани во стуткани позиции веднаш под подовите на куќите. Во некои случаи биле правени дарувања, што веројатно укажува на облик на култ на предците во домаќинствата. Оваа, најраната позната култура на Кипар, се состоела од добро организирано, развиено општество главно ангажирано во земјоделство, лов и сточарство. Земјоделството било главно на житни култури. Тие, исто така, ги береле плодовите на дрвјата кои диво растат во околината, како што се ф'стаци, смокви, маслинки и сливи. Четирите главни видови на животни чии останки биле пронајдени на наоѓалиштето се елени, овци, кози и свињи.[9]
Селото Хирокитија ненадејно било напуштено од непознати причини околу 6000 година п.н.е. и се чини дека островот[10] останал ненаселен околу 1,500 години до следниот забележан ентитет, групата Сотира. Меѓутоа, поновите откритија, вклучително и неколку наоѓалишта во близина на античката акропола Аматус на источниот раб на современиот Лимасол, значително ја пополниле оваа хронолошка празнина, откривајќи дека островот веројатно бил постојано населен барем од деветтиот милениум п.н.е. Раните заедници биле мали и широко распространети, така што не секој регион би бил толку силно експлоатиран како подоцна во праисторијата.[11][12]
Име на селото
уредиСпоред доминантното мислење името на селото е композит од зборот „хирос“ (свиња/вепар) и зборот „кити“, со што се предложува област каде што биле одгледувани свињи. Други извори тврдат дека првичното име било „Сидирокитида“, односно област каде што било пронајдено железо. Исто така, се вели дека можеби потекнува од зборот „хирогетија“, што подразбира практикување отпечатоци на дланки. Според друго мислење, можеби потекнува од некое почетно име како „Иерокитида“ (Свето место). Сепак, повеќе имагинативни мислења тврдат дека името потекнува од зборовите „гирос“ и „ојкија“ поради фактот што праисториските колиби се тркалезни. Понатаму, традицијата вели дека името е изведено од фразата „хере китија“, фраза што ја користи кралицата „Ригена“ за да се обрати на одредена нејзина пријателка од Китион. Исто така, било тврдено дека можеби името потекнува од растението Annona cherimola, кое се наоѓа одгледувано на Кипар под поедноставното име „херомолија“, иако тоа се смета за многу малку веројатно. Во секој случај, на старите карти селото е означено или како Херохетика или како Хиерохитија.[13]
Галерија
уреди-
Преизградени структури
-
Преизградени структури
-
Преизградени структури
-
Преизградени структури
-
Преизградени структури
-
Преизградени структури
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Centre, UNESCO World Heritage. „Choirokoitia“. UNESCO World Heritage Centre (англиски). Посетено на 30 декември 2021.
- ↑ „HISTORY OF ARCHITECTURE“. historyworld.net. Посетено на 30 декември 2021.
- ↑ Hirshfeld, Nicolle. „Biography of Joan Du Plat Taylor“. Brown University. Посетено на 30 декември 2021.
- ↑ Payne, H. G. G. (1934). „Archaeology in Greece, 1933–34“. The Journal of Hellenic Studies. The Society for the Promotion of Hellenic Studies. 54 (2): 199. doi:10.2307/626861. JSTOR 626861.
- ↑ Le Brun, Alain (March 2001). „Le Néolithique de Chypre“ (француски). Clio. Архивирано од изворникот на 2011-06-13. Посетено на 30 декември 2021.
- ↑ „The French Archeological Mission, Khirokitia“. ifchypre.org. Посетено на 30 декември 2021.
- ↑ T., Watkins. „Le Brun A. (éd.). - 1989. Fouilles récentes à Khirokitia (Chypre) 1983-1986“. Paléorient. 16 (2). Посетено на 30 декември 2021.
- ↑ Centre, UNESCO World Heritage. „Choirokoitia“. whc.unesco.org. Посетено на 30 декември 2021.
- ↑ Lapithis, Petros. „HISTORY OF SOLAR ARCHITECTURE IN CYPRUS“. Посетено на 30 декември 2021. Наводот journal бара
|journal=
(help) - ↑ UNESCO World Heritage Centre entry
- ↑ „British Museum - Early prehistory“. britishmuseum.org. Посетено на 30 декември 2021.
- ↑ Simmons 1999; Simmons 2001 (both with previous references); Peltenburg et al. 2001; Steel 2004, 19–32.
- ↑ „Khirokitia - Neolithic Settlement Khirokitias“. khirokitia.org. Архивирано од изворникот на 27 јануари 2017. Посетено на 30 декември 2021.
Извори
уредиНадворешни врски
уреди- Профил во Центарот за светско наследство на УНЕСКО
- Хирокитија од кипарската влада Архивирано на 18 јануари 2021 г.
- Хирокитија 3Д Архивирано на 30 октомври 2020 г.