Хезарпаре Ахмед-паша

Тезкеречи Ахмед-паша (8 август 1648), попознат како Хезарпаре Ахмед-паша по неговата смрт — отомански голем везир и министер за финансии.

Тезкеречи • Хезарпаре (посмртно)
Ахмед
Паша
Голем везир на Отоманското Царство
На должноста
21 септември 1647 – 8 август 1648
Монарх Ибрахим I
Претходник Кара Муса-паша
Наследник Софу Мехмед-паша
Министер за финансии
На должноста
1646–1647
Претходник Салих-паша Невесинец
Наследник Халичизаде Мехмед-паша
Лични податоци
Починал(а) 8 август 1648
Истанбул, Турција
Националност Отоман
Вероисповед Сунит

Младост

уреди

Ахмед бил син на професионален војник, најверојатно со грчко потекло. Наместо да оди по стапките на татко си, и да служи во отоманската војска, тој одбрал да се занимава со бирократија. Бил назначен на неколку работни позицвии, а една од тие била и личен секретар (тезкеречи) на големиот везир Кеманкеш Мустафа-паша, стекнувајќи го епитетот тезкеречи по неговото назначување. Во 1646 година, две години по погубувањето на Мустафа-паша, тој бил назначен за министер за финансии, и во 1647 бил назначен за голем везир, највисоката положба во отоманската бирократија.[1]

Голем везир

уреди

Султанот IИбрахим I (познат и како Ибрахим лудиот) особено умствено нестабилен султан. Тој бил обожавател на капути од самурско крзно и го присилувал големиот везир да купува огромни количества на самурско крзно за неговата палата. Од оваа причина, Ахмед-паша морал поголем период од работното време да го минува тргувајќи со крзно наместо со државните работи. За време на негопвото управување, Венецијанската морнарица го блокирала теснецот Дарданели, и Венеција ја освоила тврдината Клис (денешна Хрватска, Погледајте Критска војна (1645-1669). Дополнително, големите набавки на самурско крзно направиле голем дефицит во буџетот, кој веќе бил оптоварен од војната.[2]

Смрт

уреди

Во 1648 година, Ахмед-паша нанел нови високи даноци за да се задоволат потребите за трошење во буџетот. Сепак, овој негов чекор придонел за бунт меѓу населението на Отоманското Царство. Тој бил линчуван на 8 август 1648 година, и неговото тело било расечено на многубројни парчиња од бесната маса народ. Епитетот Хезарпаре е со персиско потекло и го добил по својата смрт, со значење „илијада парчиња“, и се однесува на она што му се случило на телото по неговото линчување. Неколку дена по убиството на Ахмед-паша, бил убиен и султанот Ибрахим I.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Ayhan Buz: Osmanlı Sadrazamları, Neden Kitap, İstanbul, 2009,ISBN 978-975-254-278-5 p. 101-103
  2. Prof. Yaşar Yüce-Prof. Ali Sevim: Türkiye tarihi Cilt III, AKDTYKTTK Yayınları, İstanbul, 1991 pp. 96-97
Политички функции
Претходник
Салих-паша Невесинец
Министер за финансии
1646–1647
Наследник
Халичизаде Мехмед-паша
Претходник
Кара Муса-паша
Голем везир
21 септември 1647 – 7 август 1648
Наследник
Софу Мехмед-паша