Хачико
Хачикоо (јап. ハチ公 ), или само Хачико на македонски изговор, било куче од јапонската раса Акита ину што се памети по неговата икслучителна лојалност кон неговиот сопственик, Хидесабуроо Уено, кого продолжило бескомпромисно да го чека на Шибуја железничката станица дури девет години по смртта на Уено.[2]
Хачикоо (ハチ公 ) | |
---|---|
Хачикоо (1934 г.) | |
Вид | Куче (Канис лупус фамилиарис) |
Раса | Акита Ину |
Пол | Машко |
Познато по | За истрајното чекање на неговиот починат сопственик, повеќе од 9 години до неговата смрт. |
Одликувања |
|
Титула | чуукен Хачикоо (忠犬ハチ公 , [верното куче Хачико] Error: {{Transliteration}}: transliteration text not Latin script (pos $1) (help)) |
Господар | Хидесабуроо Уено |
Тежина | 41 кг |
Висина | 64 см[1] |
Изглед | Златно-кафеав со бела (праскино бела) боја на челото. |
Хачико е роден на 10 ноември 1923 година, во фарма во близина на градот Оодате, Акита.[3] Во 1924 година, Хидесабуроо Уено, професор на Универзитетот во Токио, го донел да живее во Шибуја, Токио, како негово милениче. Хачико обично го чекал Уено на железничата станица Шибуја секој ден по неговото патување до дома. Ова продолжило до 21 мај 1925 година, кога Уено починал од церебрална хеморагија додека бил на работа. Од тогаш, па сè до неговата смрт на 8 март 1935 година, Хачико секој ден се враќал на Шибуја станицата очекувајќи го враќањето на Уено.
За време на неговиот живот, кучето се сметало во јапонската култура како пример за лојалност и верност. Скоро по еден век од неговата смрт, тоа продолжува да биде запаметено во светската популарна култура, со споменици, филмови, книги и појави во различни медиуми. Хачикоо на јапонски јазик е познато како „чуукен Хачикоо“ (忠犬ハチ公, „верното куче Хачико“), со хачи што значи „осум“ и „-коо“ што потекнува како наставка што некогаш се користела за античките кинески кнезови; така, Хачико грубо може да се преведе како „Г-дин Осум“ или „Кнез Осум“.[4]
Живот
уредиХачико, златно-кафеаво Акита ину куче, е роден на 10 ноември 1923 година во фарма сместена во Оодате, Акита, Јапонија. Во 1924 година, Хидесабуроо Уено, професор на земјоделскиот оддел на Универзитетот во Токио, го зел Хачико како домашно милениче и го донел да живее во Шибуја, Токио. Уено секојдневно патувал на работа, а Хачико ја напуштал куќата за да го пречека на крајот на секој работен ден на блиската станица Шибуја. Тие ја продолжиле дневната рутина сè до 21 мај 1925 година, кога Уено повеќе не се вратил. Професорот претрпел церебрална хеморагија, додека држел предавање на својот час и починал, без никогаш да се врати на железничката станица на која го чекал Хачико.
Секој ден, во следните девет години, девет месеци и петнаесет дена, Хачико го чекал враќањето на Уено, појавувајќи се точно кога возот требало да стигне на станицата.
Хачико го привлекол вниманието на другите патници. Многу од луѓето што ја посетувале железничката станица Шибуја, секој ден ги гледале Хачико и професорот Уено. Првичните реакции од луѓето, особено од оние што работеле на станицата, не биле нужно пријателски. Меѓутоа, по првото појавување на насловната страница во весникот „Асахи Шимбун“ на 4 октомври 1932 година, луѓето започнале да му носат на Хачико закуски и храна, хранејќи го за време на неговото чекање.[5]
Публикација
уредиЕден од студентите на Уено, Хирокичи Саито, кој развил експертиза за Акита расата, го видел кучето на станицата и го следел до домот на поранешниот градинар на Уено, Кузаборо Кобајаши,[6] каде ја слушнал приказната за животот на Хачико. Набргу по состанокот, поранешниот студент објавил документиран попис на Акита кучиња во Јапонија. Неговото истражување открило дека останале само 30 чистокрвни Акита, вклучувајќи го и Хачико од станицата Шибуја.
Често се враќал да го посетува Хачико, и со текот на годините објавил неколку статии за извонредната лојалност на кучето. Во 1932 година, една од неговите статии, објавена во „Асахи Шимбун“, го ставила кучето во очите на нацијата.
Хачико станал национална сензација. Неговата верност кон сеќавањето на неговиот господар ги импресионирала луѓето во Јапонија како дух на семејна лојалност кон која сите треба да се стремат да ја постигнат. Наставниците и родителите го користеле бдението на Хачико како пример што треба да го следат децата. Теру Андо направил скулптура во чест на кучето, и низ целата земја се зголемила новата свест за расата Акита.
На крајот, верноста на Хачико станала национален симбол на лојалност, особено кон личноста и институцијата на Императорите.[7]
Смрт
уредиХачико починал на 8 март 1935 година на 11-годишна возраст. Тој бил пронајден на улица во Шибуја.[8] Во март 2011 година, научниците конечно ја решиле причината за смртта на Хачико: кучето имало терминален рак и инфекција од филарија. Во стомакот на Хачико имало и четири јакитори стапчиња (како за ражен), но тие не му наштетиле на неговиот стомак ниту ја предизвикале неговата смрт.[9][10]
Наследство
уредиПо неовата смрт, остатоците на Хачико биле кремирани и неговата пепел била погребана на гробиштата во Аојама, Минато, Токио, каде што почиваат покрај оние на саканиот господар на Хачико, професорот Уено. Крзното на Хачико, кое било зачувано по неговата смрт, било наполнето и прицврстено и во моментов е постојано изложено во Националниот музеј за природа и наука на Јапонија во Уено, Токио.[11][12][13][14]
Бронзени статуи
уредиВо април 1934 година, на станицата Шибуја била подигната бронзена статуа според неговата личност, а извајана од Теру Андо. Статуата била рециклирана за време на воените напори во Втората светска војна. Во 1948 година, Такеши Андо (син на оригиналниот уметник) направил втора статуа.[15] Новата статуа, подигната во август 1948 година, сè уште стои и е популарно место за состаноци. Влезот на станицата во близина на оваа статуа е именувана „Хачикоо-гучи“, што значи „Влез Хачико“ и е една од петте влеза во станицата Шибуја.
Слична статуа стои и во родниот град на Хачико, пред станицата Оодате. Во 2004 година, била поставена нова статуа на Хачико пред Акита Ину Музејот во Оодате, Јапонија. [ потребно е цитирање ] По објавувањето на американскиот филм „ХАЧИ: ПРИКАЗНА ЗА КУЧЕТО“ (2009 г.), кој бил снимен во Вунсокет, Род Ајленд, Јапонскиот конзулат во Соединетите држави им помогнал на Советот за туризам на Блекстоун долината и градот Вунсокет да подигнат идентична статуа на Хачико на Вунсокет Депо плоштадот, кој бил локацијата на измислената железничка станица „Бедриџ“, претставена во филмот. [ потребно е цитирање ] На 9 март 2015 година, Земјоделскиот факултет при Универзитетот во Токио ја открил бронзената статуа што го прикажува Уено како се враќа да се сретне со Хачико на Универзитетот во Токио, Јапонија, во знак на одбележување на 80-годишнината од смртта на Хачико.[16] Статуата е извајана од Тсутому Уеда од Нагоја, која прикажува многу возбуден Хачико како скока да го поздрави својот господар на крајот од еден работен ден. Уено е облечен во капа, костум и долг мантил, а неговата актовката е спуштена на земја. Хачико носи украсен ремен како што се гледа на неговите последни фотографии.[17]
Годишна церемонија
уредиСекоја година на 8 март, посветеноста на Хачико е почестена со свечена меморијална церемонија на железничката станица Шибуја, Токио. Стотици љубители на кучиња честопати излегуваат во чест на неговиот спомен и лојалност.[18][19][20]
Лаежот на Хачико
уредиВо 1994 година, радио станицата Културно Емитување во Јапонија успеала да извлече снимка од лаежот на Хачико од стара грамофонска плоча, која била искршена на парчиња. Следела огромна рекламна кампања и на 28 мај 1994 година, 59 години по неговата смрт, милиони радио слушатели се вклучиле за да слушнат како лаел Хачико.[21]
Шибуја општински минибуси
уредиВо 2003 година, општината Шибуја вовела нови минибуси (официјално наречени „заеднички автобуси“) во општината и ги нарекла „Хачико-автобуси“. Денес постојат четири различни рути.
Слики
уредиВо јули 2012 година, ретки фотографии од животот на Хачико биле прикажани во Народниот и книжевен ширане меморијален музеј во Шибуја,[22] во општината Шибуја, како дел од „Шин Шузо Ширјотен“ (Изложба на новозачувани материјали).[23]
Во ноември 2015 година, за прв пат била објавена претходно неоткриена фотографија на Хачико. Сликата, која била сликана во 1934 година од вработен во банка во Токио, покажува како кучето се одмара самостојно пред станицата Шибуја.[24]
Јаеко Сакано
уредиЈаеко Сакано (坂野 八重子 ), почесто како Јаеко Уено, била невенчаната жена на Хидесабуроо Уено околу 10 години, сè до неговата смрт во 1925 година. За Хачико, посведочено е дека покажувал голема среќа и приврзаност кон неа секогаш кога ќе го посетела. Јаеко починала на 30 април 1961 година, на 76-годишна возраст и била погребана во храмот во Таитоо, подалеку од гробот на Уено, и покрај нејзините барања од членовите на нејзиното семејство да биде погребана со нејзиниот покоен партнер.
Во 2013 година, тестаментот на Јаеко, според кој сакала да биде погребана со Уено, го пронашол Шо Шиозауа, професор на Универзитетот во Токио. Шиозауа бил претседател и на Јапонското друштво за наводнување, дренажа и рурално инженерство, кое управува со гробот на Уено на гробиштата Аојама.[25]
Подоцна, на 10 ноември 2013 година, на одбележувањето на 90-годишнината од раѓањето на Хачико, Шо Шиозауа и Кеита Матсуи, кустос на Народниот и книжевен ширане меморијален музеј во Шибуја, ја почувствувале потребата Јаеко да биде погребана заедно со Уено и Хачико.[26]
Процесот започнал со изготвена согласност од семејствата Уено и Сакано и успешните преговори со управата на гробиштата Аојама. Сепак, поради регулативата и бирократијата, процесот траел околу 2 години. Шиозава исто така продолжил како еден од организаторите вклучени во подигнувањето на бронзената статуа на Хачико и Уено, која била откриена во дворот на Универзитетот во Токио на 9 март 2015 година во знак на одбележување на 80-годишнината од смртта на Хачико.
Обединување на семејството на Хачико
уредиНа 19 мај 2016 година, за време на церемонијата на гробиштата Аојама со присутните семејства Уено и Сакано, дел од пепелта на Јаеко Сакано била погребана заедно со Уено и Хачико, и нејзиното име и датумот на нејзината смрт биле запишани од страната на надгробниот споменик, со што се исполнило обединувањето на семејството на Хачико.[27]
„Ставајќи ги имињата на двајцата на нивниот гроб, можеме да им укажеме на идните генерации на фактот дека Хачико имал двајца чувари“, рекол Шиозава. „На Хачико, професорот му беше татко, а Јаеко му беше мајка“, додал Матсуи.
Филмски и книжевни адаптации
уредиХачико бил темата на филмот од 1987 година, ХАЧИКО МОНОГАТАРИ (ハチ公物語 , буквално „Приказната на Хачико“)[28] во режија на Сеиџироо Коојама, кој ја раскажува приказната за неговиот живот од раѓањето до смртта и самисленото духовно обединување со својот господар. Се смета за блокбастер, а филмот бил последниот голем хит за јапонското филмско студио Шочику Кинема Кенкјуу-џо.[29][30]
„ХАЧИ: ПРИКАЗНА ЗА КУЧЕТО“ објавен во август 2009 година,[31] е американски филм во кој глуми глумецот Ричард Гир, во режија на Ласе Халстром, кој ја раскажува приказната за Хачико, со дејствието изменето и сместено во САД и во околу 2000 година, и неговата врска со американски професор и неговото семејство следејќи ја истата основна приказна, со тоа што Хачико му бил подарок на професорот Уено, а во овој дел приказната е сосема поинаква во американската верзија.[32] Филмот е снимен во Вунсокет, Род Ајленд, првенствено во и околу областа на Вунсокет Депо плоштадот, а во него учествуваат и Џоан Ален и Џејсон Александер. Улогата на Хачи ја играле тројца Акита ину - Лејла, Чико и Форест. Марк Харден опишува како тој и неговиот тим ги тренирале трите кучиња во книгата „Ѕвезди животни: Зад сцените со вашите омилени глумци животни“.[33] По завршувањето на филмот, Харден го посвоил Чико.
Хачико е исто така тема во книга за деца насловена „Хачико: Вистинската приказна за лојалното куче“ од 2004 година, напишана од Памела С. Тарнер и илустрирана од Јан Насцимбене.[34] Друга книга за деца, краток роман за читатели од сите возрасти, наречена „Хачико Чека“, напишана од Леслеа Њуман[35] и илустрирана од Мачијо Кодаира, била објавена од Henry Holt & Co. во 2004 година. Хачико Чека била издадена со тенки коирци од Square Fish во 2008 година.[36] Хачико е истакнат во романот „Приказната за Едгар Сотел“ од Дејвид Вроблевски во 2008 година.[37] Хачико игра важна улога во книгата за деца „Така-чан и јас: Патувањето на куче во Јапонија“ од 1967 година.[38]
Врз основа на приказната на Хачико, бил направен игран филм на Телугушки јазик со наслов „ТОМИ“,[39] од 2015 година, во режија на Раџа Ванем Реди. Филмот е адаптиран од реалната приказна за Хачико.
Во популарната култура
уреди„Јура лаеж“, епизода 7 од 4-та сезона на анимираната серија „ФУТУРАМА“ дава омаж на Хачику,[40] кога Фрај ги открива фосилизираните остатоци на неговото куче Сејмур. Откако Фрај е криогенски замрзнат, Сејмур е прикажан дека го чекал Фрај да се врати во наредните 12 години пред Панучи пицеријата (каде што Фрај работел), засекогаш почитувајќи ја последната наредба на својот господар да го чека.
Театарска претстава била изработена од Куклениот теаар од резервни делови во Фримантл, Западна Австралија, што била посветена на приказната за Хачико.[41]
Во 1987 година, филмот ХАЧИКО МОНОГАТАРИ (ハチ公物語 , буквално „Приказната на Хачико“)[28] и филмот „ХАЧИ: ПРИКАЗНА ЗА КУЧЕТО“ од 2009 година се засноваат на неговата приказна.
Во познатата јапонска манга „One Piece“ („Еден дел“), постои слична приказна со куче по име Шушу.[42]
Во анимето „ПОКЕМОН: ГЛАВНА ПОТРАГА“, постои слична приказна за покемонот „Деветопашки“ кој чекал 200 години да се врати нејзиниот господар.
Лик од видеоиграта „Persona 3“ е куче по име Коромару, што се заснова на Хачико. Во „Persona 5“ му е дозволено на играчот да ја истражи станицата Шибуја, каде што може да се види измислената статуа на Хачико, наречена „Бучико“. Дополнително, играчот може да прочита книга насловена „Приказната за Бучико“, што ја зголемува љубезноста од сетот одлики на измислениот лик во играта.
Во коментарот на филмот на Дизни/Пиксар „ВОЛИ“, еден од аниматорите споменува дека лебарката која му е другар на насловниот робот, што во еден момент го чека роботот да се врати на земјата е омаж за Хачико.
Слични случаи
уредиСпоред историскиот текст Нихонги, за време на Императорот Сушун-Тенноо, воин по име Јорузу од Тоттори-бе , вазал на Мононобе но Морија но Оомураџи и командант на сто војници, бил осомничен за заговарање на бунт против кланот Сога. Јорозу избегал сам, криејќи се по селата, но гонет од војниците на Империјалнот двор. Им бегал генијално сè додека не бил застрелан со стрела во коленото. Иако тврдел дека е невин, и лојален на Императорот и подготвен да се предаде, војниците сепак дошле да го убијат. И покрај неговата повреда, Јорозу ги одбил нивните стрели (Јадомеџутсу) и убил повеќе од 30 сечејќи ги со неговиот меч. Веројатно исцрпен од државниот прогон, Јорозу го уништил својот лак, го фрлил својот меч во река (слично како витезот Роланд ле Пру) и конечно се прободел со кама во грлото (овој начин на самоубиство бил многу чест во Кина во времето на Пролетниот и Есенскиот период). Локалниот гувернер на Кауачи добил наредба да се исече трупот на Јорозу и да се изложи како пример на стравопочит, но белото куче на Јорозу избегало со неговата глава во устата и го донело на древни гробишта. Кучето на Јорозу потоа легнало близу и умрело од глад додека тагувало за својот господар. Империјалниот двор бил трогнат од лојалноста на кучето:
Случајот со ова куче е таков за кој ретко се слуша во светот, и треба да се знае низ вековите. Нека им се дозволи на роднините на Јорозу да изградат гроб и да ги закопаат неговите останки.
Хачико било меѓу многуте кучиња познати по својата лојалност. Овие приказни можеби се стари како и приказната на Хомер за Аргос. Слично на приказната на Хачико е и онаа на италијанското куче Фидо, шкотското куче Грејфриарс Боби, Шеп од Форт Бентон, Монтана САД, Црвено куче од Пилбара, Западна Австралија, Џок од Краков, Полска и многу други кучиња познати по тоа што остануваат верни по смртта на нивниот господар. Во Јапонија, приказната за Хачико не била без преседан.
Наводи
уреди- ↑ „Hachiko: The Akita Who Became a Symbol of Loyalty“. Архивирано од изворникот на 2019-02-22. Посетено на 25 July 2016.
- ↑ „Unbelievable Facts“. Посетено на 1 March 2014.
- ↑ „Hollywood the latest to fall for tale of Hachiko“. The Japan Times. Kyodo News. June 25, 2009. Архивирано од изворникот на 2023-04-07. Посетено на 25 September 2014.
- ↑ „Kō (公)“. Kotobank.
人や動物の名前に付けて,親しみ,あるいはやや軽んずる気持ちを表す。
- ↑ Dog faithfully awaits returning of his master for past 11 years story Posted Aug 18, 2007, by Chris V. (cgull) in Lifestyle of Digital journal. Accessed July 8, 2008 Архивирано на 3 ноември 2013 г.
- ↑ Bouyet, Barbara. Akita, Treasure of Japan, Volume II. Hong Kong: Magnum Publishing, 2002, page 5. ISBN 0-9716146-0-1. Accessed via Google Books on April 18, 2010.
- ↑ Skabelund, Aaron Herald (23 September 2011). „Canine Imperialism“. Berfrois. Посетено на 28 October 2011. Наводот journal бара
|journal=
(help) - ↑ "Hollywood the latest to fall for tale of Hachiko Архивирано на 7 април 2023 г.," The Japan Times, June 25, 2009
- ↑ „Mystery solved in death of legendary Japanese dog“. yahoo.com. Архивирано од изворникот на 5 March 2011. Посетено на 2 October 2015.
- ↑ „Worms, not skewer, did in Hachiko“. The Japan Times. 4 March 2011.
- ↑ Opening of the completely refurbished Japan Gallery of National Museum of Nature and Science "In addition to the best-loved specimens of the previous permanent exhibitions, such as the faithful dog Hachikō, the Antarctic explorer dog Jiro and Futabasaurus suzukii, a plesiosaurus native to Japan, the new exhibits feature a wide array of newly displayed items." 2007 The National Science Museum, Tokyo. Accessed November 13, 2007
- ↑ Kimura, Tatsuo. „A History Of The Akita Dog“. Akita Learning Center. Посетено на May 6, 2011.
- ↑ „Stuffed body of Hachiko (& other notable canines)“. pinktentacle.com. 17 August 2009. Посетено на 30 July 2013.
- ↑ Drazen, Patrick (2011). A Gathering of Spirits: Japan's Ghost Story Tradition: from Folklore and Kabuki to Anime and Manga. iUniverse. стр. 101. ISBN 978-1462029426.
Aoyama Cemetery contains a memorial to Hachiko on the site of Professor Ueno's grave. Some of Hachiko's bones are reportedly buried there, but in fact, Hachiko can still be seen -- stuffed, in the National Science Museum.
- ↑ Newman, Lesléa. Hachiko Waits. Macmillan, 2004. 91. Retrieved from Google Books on February 25, 2011. ISBN 0-8050-7336-1, ISBN 978-0-8050-7336-2.
- ↑ „Hachiko, Japan's most loyal dog, finally reunited with owner in heartwarming new statue in Tokyo“. rocketnews24.com. 11 February 2015. Посетено на 2 August 2015.
- ↑ „Hachiko Statue University of Tokyo - Tokyo - Japan Travel - Japan Tourism Guide and Travel Map“. JapanTravel (англиски). Посетено на 2018-04-09.
- ↑ American Kennel Club (listed author): Complete Dog Book: The Photograph, History, and Official Standard of Every Breed Admitted to AKC Registration, and the Selection, Training, Breeding, Care, and Feeding of Pure-bred Dogs, Howell Book House, 1985, page 269. ISBN 0-87605-463-7.
- ↑ Ruthven Tremain, The Animals' Who's Who: 1,146 Celebrated Animals in History, Popular Culture, Literature, & Lore, Scribner, 1984, page 105. ISBN 0-684-17621-1. Accessed via Google Books August 21, 2008.
- ↑ 74th remembrance of Hachiko, held at Hachiko Statue на YouTube
- ↑ Retrieved 13 November 2018.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-09-18. Посетено на 2020-11-21.
- ↑ Ohmoro, Kazuya (2012-06-16). „Shibuya museum showcases last photo of loyal pooch Hachiko“. The Asahi Shimbun. Архивирано од изворникот на 2012-07-18.
- ↑ The Yomiuri Shimbun (2015-11-05). „Rare photograph shows Hachiko relaxing alone at Shibuya Station“. Yomiuri Shimbun. Архивирано од изворникот на 2015-11-14. Посетено на 2015-11-10.
- ↑ „Remains of Hachiko master's wife reinterred with husband, famously loyal dog“. Mainichi Daily News (англиски). 2016-05-20. Посетено на 2018-04-10.
- ↑ „In love and death - The Nation“. The Nation (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-04-10. Посетено на 2018-04-10.
- ↑ „もうひとつの「ハチ公」物語 - 読む・考える・書く“. 読む・考える・書く (јапонски). 2016-05-20. Посетено на 2018-04-06.
- ↑ 28,0 28,1
- Hachikō Monogatari на Семрежната филмска база на податоци (англиски).
- ↑ Anne Tereska Ciecko, Contemporary Asian Cinema: Popular Culture in a Global Frame, Berg Publishers, 2006, pages 194–195. ISBN 1-84520-237-6. Accessed via Google Books August 21, 2008.
- ↑ Company credits for Hachikō monogatari (1987) from Internet Movie Database
- ↑
- Hachiko: A Dog's Story на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- ↑ BEHIND THE FILM "Hachi: A Dog's Tale" Vicki Shigekuni Wong Архивирано на 28 ноември 2023 г. accessed online October 1, 2013
- ↑ Ganzert, Robin; Anderson, Allen; Anderson, Linda; Becker (Foreword), Marty (Foreword) (September 16, 2014). Animal Stars: Behind the Scenes with Your Favorite Animal Actors (Hardcover) (1. изд.). New World Library. стр. 296 pages. ISBN 978-1608682638. Посетено на November 20, 2015.
- ↑ Publishers Weekly Reviewed on: 05/17/2004 accessed via the internet on October 1, 2013
- ↑ Hachiko Waits Архивирано на 29 септември 2015 г. the various editions of the book on author's website accessed October 1, 2013
- ↑ Hachiko Waits is now available in paperback. Published by Square Fish, 2008. Архивирано на 29 септември 2015 г. ISBN 0-312-55806-6
- ↑ The Story of Edgar Sawtelle: Reviews Архивирано на 25 јануари 2010 г..
- ↑ Lifton, Betty Jean; Hosoe, Eikoh, Taka-chan and I: A Dog's Journey to Japan, The New York Review of Books, 1967.
- ↑ „Tommy Telugu Movie Review, Rating“. APHerald [Andhra Pradesh Herald] (англиски). Посетено на 2020-10-10.
- ↑ Futurama Live! Post-Show w/ Billy West, Maurice LaMarche, Matt Groening and more!. 6 September 2013. https://www.youtube.com/watch?v=M_MBFxSEpqo&t=18m14s. Retrieved 2 October 2015.
- ↑ fremantle.wa.gov.au Архивирано на 16 април 2014 г.
- ↑ Buggy the Clown Versus!! Bagī Kaizoku-Dan (Versus!! バギー海賊団) ISBN 4-08-872544-1
Дополнителна литература
уреди- Itoh, Mayumi (2013). Hachi: The Truth of the Life and Legend of the Most Famous Dog in Japan. Amazon.com Kindle E-book. ASIN B00BNBWDQ4.
- Skabelund, Aaron Herald (2011). Empire of Dogs: Canines, Japan, and the Making of the Modern Imperial World. Studies of the Weatherhead East Asian Institute. Columbia University. ISBN 978-0-8014-5025-9.