Срцев црв
Научна класификација
Царство: Животни
Потцарство: Ткивни животни
Натколено: Platyzoa
Нерангирано: Bilateria
Колено: Цевчести црви
Класа: Secernentea
Поткласа: Spiruria
Ред: Spirurida
Семејство: Onchocercidae
Род: Dirofilaria
Вид: D. immitis
Научен назив
Dirofilaria immitis
(Леиди, 1856)

Срцевите црви се видови филаријални црви коишто живеат како паразити кај цицачите, особено кај кучињата. Над 500 возрасни срцеви црви, со големина од 15 до 30 cm, живеат во срцето на кучето и микрофилиарите (ембриовидни ларви) се пренесуваат во крвта. Комарците ја пренесуваат заразената крв од куче на куче. И возрасните црви и нивните ларви го оптоваруваат срцето и го намалуваат дотокот на крв до белите дробови, бубрезите и црниот дроб. Со тек на време се појавуваат и видливи симптоми (хронично кашлање, отежнато дишење, тромост, срцев удар) по што може да е веќе доцна за лекување. Постојат превентивни лекови и третмани, вклучувајќи ја и можноста за хируршки зафат. [1]


Наводи

уреди
  1. Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 9, стр. 76