Хале (Руме)
Хале (германски: Hahle) — лева притока на реката Руме која минува низ сојузните покраини Тирингија и Долна Саксонија.
Хале во северниот дел на Дудерштат | |
Место | Тирингија и Долна Саксонија, Германија |
---|---|
Должина | 27,6 км [1] |
Извор | во Ворбис 51°15′11″N 10°12′37″E / 51.2531° СГШ; 10.2102° ИГД |
Висина на изворот | 320 м над м.н. |
Утока | кај Гиболдехаузен во Руме 51°22′15″N 10°06′57″E / 51.3708° СГШ; 10.1158° ИГД |
Висина на утоката | 145 м над м.н. |
Спуст | 175 м |
Слив | Везер |
Одлив | Руме → Лајне → Алер → Везер → Северно Море |
Слив | 297,1 км² [2] |
Тек
уредиХале потекнува од Тирингија во западните делови на Ворбис, околу 800 метри од изворот на Випер. Тече низ Ферна и Тајстунген, преминувајќи ја границата со Долна Саксонија и стигнувајќи во Герблингероде. Хале поминува низ градот Дудерштат и местата Мингероде, Обернфелд и Ролсхаузен. Во Гиболдехаузен се влева во реката Руме.
Притоки
уреди- Хесенграбен (лева)
- Катарине (десна)
- Нисе (лева)
- Резе (десна)
- Ајхбах (лева)
- Грундцеле (десна)
- Зибиг (десна)
- Музе (лева)
- Зандвасер (десна)
- Зулбиг (десна)
- Бецелфербек (десна)
- Нате (лева)
- Херграбен (лева)
- Зуле (лева)[3]
Наводи
уреди- ↑ Google Earth
- ↑ Thüringer Landesanstalt für Umwelt (Hrsg.): Gebiets- und Gewässerkennzahlen (Verzeichnis und Karte). Jena 1998. 26S.
- ↑ Map services of the Federal Agency for Nature Conservation]]
Надворешни врски
уреди- Хале (Руме) на Ризницата ?