Хаен (шпанска покраина)
Хаен (шпански: Jaén) — покраина во источниот дел на автономната заедница Андалусија, јужна Шпанија. Се граничи со покраините Сиудад Реал, Албасете, Гранада и Кордоба. Главен град е Хаен.
Хаен Jaén | |||
---|---|---|---|
покраина | |||
Покраинската управа во Хаен | |||
Хаен во рамките на Шпанија | |||
Земја | Шпанија | ||
Автономна заедница | Андалусија | ||
Седиште | Хаен | ||
Управа | |||
• Претседател | Франсиско Рејес | ||
Површина | |||
• Вкупна | 13.484 км2 (5,206 ми2) | ||
Население (2023) | |||
• Вкупно | 619.938 | ||
• Густина | 46/км2 (120/ми2) | ||
Пошт. бр. | 23 | ||
Повик. бр. | 953 | ||
ISO 3166 | ES-J | ||
Службен јазик | шпански | ||
Мреж. место | dipujaen.es |
Покраината зафаќа површина од 13.484 км2 и во 2023 г. имала броело 619.938 жители.[1] Се состои од 97 општини. Највисока точка во покраината е Пико Махина (2.165 м).[2]
Знаменитости
уредиВажи за една од помалку познатите покраини во земјата (во споредба со туристичкиот источен брег), но има четири национални паркови и многу други заштитени подрачја. Во неа се наоѓаат ренесансните градови Убеда и Баеса, прогласени за светско наследство на УНЕСКО. Покраината има највисока концентрација на тврдини на светот вон Левантот благодарение на нејзината стратешка положба за време на реконквистата.[3]
Од 1978 до 2010 г. во градот Линарес се одржувал значаен шаховски турнир на кој учествувале многу светски шахисти.
Стопанство
уредиПокраината е најголем производител на маслиново масло во светот. Таа е одговорна за 45 % од сето маслиново масло во Шпанија и 20 % од вкупното светско производство. Поради тоа се нарекува „Светска престолнина на маслиновото масло“.[4] Има преку 66 милиони маслинови дрва распределени на површина од 550.000 хектари.[5] Во покраината Хаен се произведува повеќе масиново масло отколку во цела Италија.[5] Во 2013 г. се произведени 749.387 тони.
Население
уредиОва е населението на покраината низ годините:
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Instituto Nacional de Estadística“ (шпански). Посетено на 19 август 2023.
- ↑ „Objetivo: Pico Mágina (Jaén)“. www.sendanatura.com (шпански). Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 17 март 2015.
- ↑ Ginés Donaire (2 септември 2009). „Tierra de castillos y batallas“. El País.
- ↑ „An Olive Oil Cultural Center And Museum in Jaén“. Olive Oil Times (англиски). Посетено на 10 октомври 2015.
- ↑ 5,0 5,1 Sandro Pozzi (2 септември 2016). Elpais.com (уред.). „Spanish olive oil lights up Times Square“. www.elpais.com. Посетено на 21 јануари 2017.
Надворешни врски
уреди„Хаен (шпанска покраина)“ на Ризницата ? |
- Службен портал на покраината Хаен (шпански)
- Природен парк „Деспењаперос“ (шпански)
- Природен парк „Сиера де Андухар“ (шпански)
- Природен парк „Сиера Махина“ (шпански)
- Природен парк „Сиерас де Касорла, Сегура и Лас Виљас“ (шпански)
- Касорла, Сегура и Лас Виљас (шпански)