Хаврија

река на Халкидик, Егејска Македонија

Хаврија (грчки: Χαβρίας, Хавријас) — река во Касандриско, Егејска Македонија. Тече низ полуостровот Халкидик и завршува во Касандрискиот Залив на Егејското Море.[1] Долга е 59 км.[2]

Хаврија
Χαβρίας
Местоположба
ЗемјиГрција
КрајКасандриско, Егејска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоПијавица
 • координати40°32′38″N 23°41′27″E / 40.5440° СГШ; 23.6907° ИГД / 40.5440; 23.6907
Устие 
 • место
Касандриски Залив кај Ватопедска Плажа
 • координати
40°14′04″N 23°32′33″E / 40.2344° СГШ; 23.5426° ИГД / 40.2344; 23.5426
Должина59 км
Особености на сливот
Хаврија во рамките на Полигеро (општина)
извор
утока

Течение

уреди

Реката извира од планината Пијавица, северно над поранешното село Пијавица под денешното име Мега Рема.[1] Тече начелно во правец ССИ–ЈЈЗ. Од 59-те километри должина, 23 се на територијата на општинскатеединица Леригово, 10 на Полигеро, 8,5 км во Ситонија и 17,5 во Румилја.[2] Реката минува крај Ново Село и Паљухор, на крајот од котлината го прима потокот Ксеролакос од Леригово и тече на југ низ Холомонда. Ја прима левата притока Ревеничка Река од Ревеник. Во месноста Смикси ја прима левата притока Ксинонери од подрачјето на Гомати. Тука го носи името Десис. Свртува на југозапад и ја прима големата десна притока Миладино. Излегува од планината кај Румилја, свртува на југ и се влева во Каснадрискиот Залив во месноста Палиомана кај населбата Ватопедска Плажа.[1]

Притоки

уреди

→ лева, ← десна

  • ← Плакес[1]
  • ← Аниксјатико[1]
  • ← Ксеролакос[1]
  • ← Караџа Лакос[1] (Мавролакос)[3]
  • ← Мавронери[1]
  • → Комблицос[1][4]
  • → Ксинонери[1]
  • → Киријази Лака[1]
  • ← Миладино (Микрос Лакос, Транос Лакос)[1]
  • ← Пападјас Лакос[1]
  • ← Волица[1]
  • ← Пасхалодико[1]
  • ← Гредишта[2] (Цулнарас[1], Ксеротопос, 12 км)[2]
  • ← Гундурос[1] (Каприникија или Кундура, 18,9 км)[2]
  • → Дентокаријас[1]
  • → Дамаскинолакос[1]

Наводи

уреди
  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 1,14 1,15 1,16 1,17 1,18 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Χαβρίας ποταμός“. Παλαιοχώρι Χαλκιδικής.
  3. „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 496. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος (грчки). Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 150): 1080. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  4. „Τα Πέτρινα Τοξωτά Γεφύρια της Χαλκιδικής“. Halkidiki Greece. Посетено на 2 февруари 2024.