Касандриски Залив
Касандриски Залив или Торонски Залив (грчки: Τορωναίος κόλπος, Κόλπος Κασσάνδρας) — залив на Егејското Море, сместен крај југоисточното крајбрежје на Халкидичкиот Полуостров, Егејска Македонија. Го носи името на кракот Касандра кој излегува на него, а другото име се однесува на древниот град Торони.
Касандриски Залив Τορωναίος κόλπος | |
---|---|
Подрачје | Касандриско, Егејска Македонија |
Координати | 40°07′N 23°35′E / 40.12° СГШ; 23.58° ИГД |
Вид | залив |
Дел од | Егејско Море |
Сливни земји | Грција |
Најг. должина | 50 км |
Најг. ширина | 9 – 24 км |
Најг. длабочина | 274 м |
Заливот се протега меѓу два крака на Халкидикот — Ситонија на североисток и Касандра (Палене) на југозапад. Долг е 50 км, широк е од 9 до 24 км, а длабок до 274 м. Во источниот дел, на 4,5 км од кракот Ситонија се наоѓа малиот ненаселен остров Келифос. Плимата и осеката се полуденоноќни, со висина под 0,5 м. Преку Потидејскиот Канал поврзан е со Солунскиот Залив. Ова е вештачки пловен канал прокопан уште во антиката, кој го сече провлакот и го поврзува полуостровот Касандра со главнината на Халкидичкиот Полуостров северно денешното село Нова Потидеја.
По целото крајбрежје на Касандрискиот Залив има бројни одморалишни места, мошне посетувани од македонски туристи.[1]