Француско Конго (француски: Congo français) — француска колонијална територија во федерацијата на Француска Екваторска Африка во периодот од 1882 до 1910 година. Земјата се наоѓала на територијата на Република Конго, Габон и Централноафриканската Република.

Француско Конго
Congo français
1882–1910
Flag of Француско Конго
Flag
Location of Француско Конго
СтатусКолонија
Главен градBrazzaville
Говорени јазицифранцуски
Вероисповед
христијанство, ислам, традиционални религии
Историја 
• Основана
1882[1]
• Среден Конго
1903
• Повторно воспоставување на Француска Екваторска Африка
1910
Валутафранцуски франк
Претходници
Наследници
Кралство Конго
Француска Екваторска Африка
Денес дел од Република Конго
 ЦАР
 Габон

Историја

уреди

Француско Конго бил основан во Бразавил на 10 септември 1880 година како протекторат народот Батеке по должината на северниот брег на реката Конго[1], додека формално како Француско Конго бил основан на 30 ноември 1882 година[1], потврдена со Берлинската конференција од 1884-1885. Нејзините граници со Кабинда, Британски Камерун и Слободна Држава Конго биле основани со договори во текот на следната деценија. Планот за развивање на колонијата бил преку давање на големи отстапки на околу триесет француски компании, кои ветувале брз развој. Овој развој бил ограничен и главно се работело на екстракција на слонова коска, гума и дрво. Овие операции честопати вклучувале голема бруталност и ропство на месното население.

Дури и со овие мерки повеќето од компаниите изгубиле голем број од своите пари. Голем дел од фармите на компаниите постоеле само на хартија со речиси никакво присуство на теренот во Африка.

Францускиот Конго понекогаш бил познат како Габон-Конго[2]. Формално кон земјата се приклучил Габон во 1891 година, и во тој период земјата била позната како Среден Конго.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Histoire militaire des colonies, pays de protectorat et pays sous mandat. 7. "Histoire militaire de l'Afrique Équatoriale française". 1931. Accessed 9 October 2011. (француски)
  2. Payeur-Didelot. "Gabon. - Colonie française du Gabon-Congo, 1/3,700,000". 1894. (француски)