Франсистаун

(Пренасочено од Францистаун)

Франсистаун (англиски: Francistown) — град во Боцвана. Со своите 100.079 жители во градското подрачје, или со 150.800 со околината според последниот попис[1] Франсистаун е втор најголем град во државата. Поради својата големина и значајност често се именува како „Главен град на Северот“. Франсистаун се наоѓа во источниот дел на Боцвана, на околу 400 км од Габороне, главниот град на државата. Самиот град се наоѓа на спојот на реките Тати и Инчве, и во близина на Лимпопо. Границата со Зимбабве е на 90 км од градот. Франсистаун бил прв центар при златната треска во Јужна Африка. Во околината на градот сè уште има напуштени ископини и рудници Градот не е дел од Североисточниот округ и е управуван од Градскиот совет на Франсистаун.[4]

Франсистаун
Francistown
Главниот плоштад во Франсистаун
Главниот плоштад во Франсистаун
ДржаваБоцвана
ОкругСевероисточен
Основан1897
Управа
 • ГрадоначалникСилвија Музила
Надм. вис.&100000000000010010000001.001 м
Население (попис 2011)[1]100.079
 • Метро150.800
Час. појасЦАВ (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)н/п (UTC+2)
Пов. број[2][3]2XX
Климаполусушна клима

Демографија

уреди

Уште од самото основање на градот бројот на населението е во подем воглавно поради рударството и поради фактот што бил железнички центар во 19 век. Околината на Франсистаун е традиционален дом на народот Бакаланга, втора најголема етничка група во државата. Во скоро време забележана е имиграција на нелегални имигранти од соседното Зимбабве.[5][6]

Година Население %+
1964 9521
1971 18612 95
1981 31065 65
1991 38524 29
2001 84406 110

Клима

уреди
Климатски податоци за Франсистаун
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Прос. висока °C (°F) 29
(85)
28
(83)
28
(83)
27
(80)
24
(76)
22
(71)
22
(71)
25
(77)
28
(82)
29
(85)
30
(86)
29
(84)
27
(80)
Прос. ниска °C (°F) 22
(71)
21
(69)
19
(67)
16
(61)
12
(54)
8
(47)
8
(46)
11
(52)
16
(60)
19
(67)
20
(68)
21
(69)
16
(61)
Прос. врнежи мм (ин) 99
(3.9)
84
(3.3)
61
(2.4)
30
(1)
8
(0.3)
3
(0.1)
0
(0)
0
(0)
8
(0.3)
28
(1.1)
58
(2.3)
91
(3.6)
460
(18.1)
Извор: Weatherbase [7]

Збратимени градови

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Central Statistics Office (January 2009). „BOTSWANA DEMOGRAPHIC SURVEY 2006“ (PDF). Gaborone, Botswana. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-09-23. Посетено на 2010-07-25.
  2. timeanddate.com
  3. Botswana Telecommunications Authority (2009-09-11). Botswana (country code +267) (DOC). National Numbering Plans. International Telecommunication Union. Архивирано од изворникот 2009-12-27. Посетено на 2009-12-27.
  4. Laws of Botswana Архивирано на 23 јули 2011 г., Ministry of Local Government Архивирано на 18 јули 2009 г.
  5. Gabathuse, Ryder (2006-03-28). „Security operation starts in Francistown“. Francistown, Botswana: Mmegi. Архивирано од изворникот на 2012-03-07. Посетено на 2010-07-26.
  6. Pacione, Michael (1999). Applied Geography: Principles and Practice : an Introduction to Useful Research in Physical, Environmental and Human Geography. Routledge. ISBN 978-0-415-21419-3.
  7. „Weatherbase: Historical Weather for Francistown, Botswana“. Weatherbase. 2011. Посетено на November 24, 2011.

Надворешни врски

уреди

21°10′25″S 27°30′45″E / 21.17361° ЈГШ; 27.51250° ИГД / -21.17361; 27.51250