Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Франциск Душењко (роден на 6 април 1925 година во Гродек Јагиелонски во близина на Лавов, починал на 11 април 2008 година во Гдањск ) - полски скулптор, професор на Државната виша школа за ликовни уметности во Гдањск (од 1996 година Академија за ликовни уметости Грањск) каде бил и ректор во периодот 1981–1987 година. Затвореник во германските концентрациони логори

Биографија

уреди

За време на Втората светска војна, во периодот 1942–1944 година, студирал на Државниот институт за ликовни уметности во Лавов кај проф. Маријан Внук. Од 1943 година бил војник на Армија Крајова (со псевдоним Густав) во баталјонот за врски во оперативниот округ Лавов. Во периодот од 3 јули 1944 до 8 мај 1945 година бил затвореник на нацистичките концентрациони логори Грос-Розен и Заксенхаузен [1].

 
Споменик на жртвите од логорот за истребување Треблинка

По војната ги продолжул студиите на катедрата за скулптура на проф. Маријан Внук на Државната виша школа за ликовни уметности во Сопот (подоцна преименувана во Државна виша школа за ликовни уметности во Гдањск). Во 1950 година започнал да предава на Државната виша школа за ликовни уметности во Гдањск, каде раководел со Катедрата за скулптура на Факултетот за скулптура. Во периодот 1960–1964 година бил декан на Факултетот за скулптура, а во периодот 1981–1987 година ректор на Универзитетот. Од 1987 до 1996 година, тој го предводел Одделот за скулптура и цртање (на барање на властите на универзитетот во Гдањск, до 2001 година сеуште вршел педагошки надзор на дипломските студенти).

Во периодот 1952–1962 година имал активно учество во реконструкцијата на скулптурните предмети во Гдањск уништени за време на војната, заедно со проф. Станислав Хорно-Поплавски, проф. Алфред Вишњевски и проф. Адам Смолана[2]. Негови дела, меѓудругото се: женски сфинги на столбовите пред скалите на станбената зграда на ул. Долг пазар бр.8 , витезите на станбената зграда на ул. Долг пазар бр.40, портал (украсен главен влез) на станбената зграда на ул. Огарна бр. 99.

 
Полски артилеристи споменик во Торун

Франциск Душењко бил автор или коавтор на спомениците: Жртви на логорот за истребување во Треблинка (заедно со Адам Хаупт и Франциск Стринкиевич)[2], Бранители на брегот во Вестерплате (заедно со Адам Хаупт и Хенрик Китовски), Полски артилеристи во Торун и споменикот Марија Конопницка во Гдањск. Исто така е и автор на проектот и елементи на уметничката декорација на црквата Св. Јосиф во Гдиња. Во 1986–1987 година го подготвил проект за ревитализација на спомен-обележјето на Вестерплате.

Починал во Гдањск, погребан на гробиштата во Сребрениско (област II, парцела II, гроб 9) [3].

Семејство

уреди

Во 1951 година стапил во брак со Уршула Рухнке-Душењко (1922–2014) – сликарка која работела во периодот 1952–1971 година, првично во Сликарското студио на проф. Јулиуш Студницки, а потоа го водела Сликарското студио на Факултетот за внатрешен дизајн на Академијата за ликовни уметности во Гдањск.

Нивниот син Марчин Душењко (1958–2000) исто бил сликар.Работел како доцент на Факултетот за сликарство на Академијата за ликовни уметности во Гдањск.

Ордени и одликувања

уреди
  • Командантски крст на Орденот на преродбата на Полска (1996)
  • Офицерски крст на Орденот на преродбата на Полска(1978)
  • Витежки крст на Орденот на преродбата на Полска (1967)
  • Крстот на Аушвиц (1987)
  • Медал на принцот Мшчивој II - одликување на градот Гдањск (постхумно, 2008) [4]
  • Значка на 1000-годишнината од Полската Држава (1966)
  • Значка на честа „За заслугите на Гдањск“ (1960)
     
    Гробот на уметникот на гробиштата Сребрениско во Гдањск

Награди

уреди
  • „Орден Станчик“ на списанието „Букви“ (1967)
  • Награда на градоначалникот на Гдањск (1986)
  • Наградата на градот Гдањск од областа на културата (за 1987 година)
  • Награда „Брат Алберт“ за извонредни достигнувања во областа на црковната уметност (1989)

Комеморација

уреди

Во јануари 2013 година, во галеријата Гинтер Грас во Гдањск била организирана изложба посветена на професорот .

Со резолуција на Сејмот на Република Полска на 24 јули 2024 година, било одлучено 2025 година да се утврди како „Година на Франциск Душењко“ [5]

Наводи

уреди
  1. [gdansk.gedanopedia.pl „DUSZEŃKO FRANCISZEK, rektor Wyższej Szkoły Sztuk Plastycznych“] Проверете ја вредноста |url= (help). – Encyklopedia Gdańska, gdansk.gedanopedia.pl. 2024-10-04.
  2. 2,0 2,1 Gębczyńska-Janowicz, Agnieszka (2010). Polskie założenia pomnikowe. Rola architektury w tworzeniu miejsc pamięci od połowy XX wieku. Warszawa: Wydawnictwo Neritons. стр. 64. ISBN ISBN 978-83-7543-177-3 Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).
  3. „Franciszek Duszeńko“.
  4. Laureaci medalu księcia Mściwoja II
  5. 2025 rokiem Boznańskiej, Duszeńki, Słonimskiego, Żeromskiego, gen. Sosnkowskiego, Polskich Bohaterów z Katynia i innych miejsc oraz Milenium Koronacji w Gnieźnie, 2024-07-24