Огист Роден
француски вајар
(Пренасочено од Франсоа Огист Рене Роден)
Франсоа Огист Рене Роден (француски: François-Auguste-René Rodin) (12 ноември 1840 - 17 ноември 1917) бил познат француски вајар. Поради неговите извонредни дела тој се смета за основоположник на модерната европска скулптура. Работел во истиот период со сликарите импресионисти. Негова најзначајна заслуга е внесувањето на психолошкиот елемент и послободното третирање на скулптурската материја и на фигурата. Роден е еден од малкуте вајари кои се широко познати надвор од заедницата за визуелни уметности.
Негови најпознати дела се Мислителот, Бакнежот, Граѓаните на Кале и Балзак.
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |