Франсистаун
Франсистаун (англиски: Francistown) — град во Боцвана. Со своите 100.079 жители во градското подрачје, или со 150.800 со околината според последниот попис[1] Франсистаун е втор најголем град во државата. Поради својата големина и значајност често се именува како „Главен град на Северот“. Франсистаун се наоѓа во источниот дел на Боцвана, на околу 400 км од Габороне, главниот град на државата. Самиот град се наоѓа на спојот на реките Тати и Инчве, и во близина на Лимпопо. Границата со Зимбабве е на 90 км од градот. Франсистаун бил прв центар при златната треска во Јужна Африка. Во околината на градот сè уште има напуштени ископини и рудници Градот не е дел од Североисточниот округ и е управуван од Градскиот совет на Франсистаун.[4]
Франсистаун Francistown | |
---|---|
Главниот плоштад во Франсистаун | |
Држава | Боцвана |
Округ | Североисточен |
Основан | 1897 |
Управа | |
• Градоначалник | Силвија Музила |
Надм. вис. | 1.001 м |
Население (попис 2011)[1] | 100.079 |
• Метро | 150.800 |
Час. појас | ЦАВ (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | н/п (UTC+2) |
Пов. број[2][3] | 2XX |
Клима | полусушна клима |
Демографија
уредиУште од самото основање на градот бројот на населението е во подем воглавно поради рударството и поради фактот што бил железнички центар во 19 век. Околината на Франсистаун е традиционален дом на народот Бакаланга, втора најголема етничка група во државата. Во скоро време забележана е имиграција на нелегални имигранти од соседното Зимбабве.[5][6]
Година | Население | %+ |
---|---|---|
1964 | 9521 | |
1971 | 18612 | 95 |
1981 | 31065 | 65 |
1991 | 38524 | 29 |
2001 | 84406 | 110 |
Клима
уредиКлиматски податоци за Франсистаун | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Прос. висока °C (°F) | 29 (85) |
28 (83) |
28 (83) |
27 (80) |
24 (76) |
22 (71) |
22 (71) |
25 (77) |
28 (82) |
29 (85) |
30 (86) |
29 (84) |
27 (80) |
Прос. ниска °C (°F) | 22 (71) |
21 (69) |
19 (67) |
16 (61) |
12 (54) |
8 (47) |
8 (46) |
11 (52) |
16 (60) |
19 (67) |
20 (68) |
21 (69) |
16 (61) |
Прос. врнежи мм (ин) | 99 (3.9) |
84 (3.3) |
61 (2.4) |
30 (1) |
8 (0.3) |
3 (0.1) |
0 (0) |
0 (0) |
8 (0.3) |
28 (1.1) |
58 (2.3) |
91 (3.6) |
460 (18.1) |
Извор: Weatherbase [7] |
Збратимени градови
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Central Statistics Office (January 2009). „BOTSWANA DEMOGRAPHIC SURVEY 2006“ (PDF). Gaborone, Botswana. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-09-23. Посетено на 2010-07-25.
- ↑ timeanddate.com
- ↑ Botswana Telecommunications Authority (2009-09-11). Botswana (country code +267) (DOC). National Numbering Plans. International Telecommunication Union. Архивирано од изворникот 2009-12-27. Посетено на 2009-12-27.
- ↑ Laws of Botswana Архивирано на 23 јули 2011 г., Ministry of Local Government Архивирано на 18 јули 2009 г.
- ↑ Gabathuse, Ryder (2006-03-28). „Security operation starts in Francistown“. Francistown, Botswana: Mmegi. Архивирано од изворникот на 2012-03-07. Посетено на 2010-07-26.
- ↑ Pacione, Michael (1999). Applied Geography: Principles and Practice : an Introduction to Useful Research in Physical, Environmental and Human Geography. Routledge. ISBN 978-0-415-21419-3.
- ↑ „Weatherbase: Historical Weather for Francistown, Botswana“. Weatherbase. 2011. Посетено на November 24, 2011.
Надворешни врски
уреди- Училиште за тенис Франсистаун
- Средно училиште во Франсистаун Архивирано на 19 октомври 2010 г.