Форконтумац — речен остров кој се наоѓа на Дунав, источно од Белград и северно од соседниот остров Чакљанец. Двата острови се најјужниот дел на Панчево[1]. Островот има површина од 391,7 хектари. Устието на Тамиш се наоѓа северно од Форконтумац.

Форконтумац
Географија
Координати44°50′53″N 20°36′36″E / 44.8480° СГШ; 20.6100° ИГД / 44.8480; 20.6100
Држава

Името на островот се однесува на поранешната карантинска станица во градот, изградена во почетокот на XVIII век. Стариот термин Контумаш се користел како синоним за карантин. Во 1813 година, еден од најпознатите гости на островот бил Вук Караџиќ кој останал таму неколку недели. Германското име Ворконтумац значело „станицата пред седиштето“. Оваа станица била сместена во близина на устието на Тамиш.

Природна околина

уреди

Повеќе од 50 проценти од островот е недопрена природа, која се состои од густа шума. Форконтумац е важно живеалиште на бројни видови птици.

Одморалиште

уреди

Постои викенд населба со околу 400 колиби на западниот дел на островот, кои главно се користат од страна на жителите на градот во текот на летото. Името на ова одморалиште е Бела Стена и значи бела карпа. Белата песочна плажа ја прави популарна од седумдесеттите години на минатиот век. Во текот на жешките денови, плажата ја посетуваат илјадници капачи[2].

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Službeni list grada Pančeva, 31/2015, p. 20, Посетено на 2017-03-24.
  2. Forkontumac - pančevački Havaji, article on the Website by RTS, Посетено на 2017-03-24.