Флејта

(Пренасочено од Флејти)

Флејта или флаута е дувачки музички инструмент. Во поширока смисла на зборот, флејтата е цела серија на дувачки инструменти кои постоеле и постојат низ целиот свет. Музичарот што свири на флејта се вика флејтист. Звукот на флејтата настанува како резултат на струењето на воздухот низ отворите.

Илустрација на западна концертна флејта

По држењето, разликуваме два основни вида на флејти: вертикална флејта (блок флејта), и хоризонтална флејта. Кај хоризонталните флејти, влезниот отвор не се наоѓа на врвот на цевката, туку нешто пониско, на странична страна, и во него се дува откосо за да се образува писка, бидејќи овој тип ја нема (за разлика од вертикалните флејти), и се дува во т.н. прозорче. Изведувачката техника е многу развиена и ова е еден од најфлексибилните и највиртуозните инструмент. Исто така, флејтата и експресивен инструмент, со благ и светол, идиличен звук.

Флејтите се изработуваат од најразлични материјали: коска, дрво, камен, метал, пластика, итн.

Потеклото на флејтата може да се бара во праисторијата.

Флејтата како мотив во уметноста

уреди

Наводи

уреди
  1. Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 218-228.