Филомена (филм)
Филомена (англиски: Philomena) е британски филм, во режија на Стивен Фрирс, според сценариото на Стив Куган и Џеф Поуп. Главните улоги ги толкуваат: Џуди Денч, Стив Куган, Софи Кенеди Кларк, Мер Винингам и Барбара Џефорд. Филмот освоил девет награди на фестивалот во Венеција, а имал три номинации за „Златен глобус“ и четири номинации за „Оскар“ (во категориите: најдобар филм, најдобра глумица, филмска музика и адаптирано сценарио).[3][4]
„Филомена“ | |
---|---|
Режисер | Стивен Фрирс |
Продуцент | |
Главни улоги |
|
Музика | Александар Деспла |
Кинематографија | Роби Рајан |
Монтажа | Валерио Бонели |
Дистрибутер |
|
Премиера | 31 август 2013(Венеција) 1 ноември 2013 (ОК) 22 ноември 2013 (САД) |
Времетраење | 98 минути[1] |
Земја | |
Јазик | Англиски јазик |
Буџет | $12 милиони[2] |
Бруто заработка | $100.1 милиони[2] |
Содржина
уредиЗабременувајќи како тинејџерка во Ирска, во 1952 година, Филомена (ја игра Денч) ја испраќаат во манастир како „нечесна жена“. Бебето ѝ го одземаат калуѓерките и го испраќаат во САД. Во текот на следните 50 години, Филомена упорно си го бара детето. Еден ден, таа го запознава новинарот Мартин Сиксмит (го игра Куган), кој е разочаран од светот и кој е заинтересиран за нејзината приказна.[3][5][6]
Наводи
уреди- ↑ „Philomena (12A)“. Pathé. British Board of Film Classification. Посетено на 27 February 2014.
- ↑ 2,0 2,1 „Philomena (2013)“. Box Office Mojo. Посетено на 17 May 2014.
- ↑ 3,0 3,1 „Трогателна приказна по изгубениот син“, Антена, број 872, 13.3.2015, стр. 3.
- ↑ Кинотека на Македонија, Програма - ноември 2015
- ↑ Антена, број 856, 21.11.2014, стр. 18.
- ↑ Антена, број 854, 7.11.2014, стр. 17.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Philomena на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Philomena на Box Office Mojo
- Philomena на Rotten Tomatoes.
- Philomena на Metacritic