Филолаос Пихеон
Филолаос Анастасиу Пихеон (грчки: Φιλόλαος Αναστασίου Πηχεών) бил грчки офицер, андартски капетан и учесник во Борбата за Македонија.
Филолаос Пихеон | ||
Роден | 1875 Охрид, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 1947 |
Животопис
уредиПихеон е роден 1875 година во Охрид, во влашкото семејство на Анастасиос Пихеон кое потекнувало од селото Шиписко, а во Македонија дошло по разорнувањето на Москополе.
По засилувањето на грчката вооружена пропагнада влегол во Елиномакедонскиот комитет и зсатанал на страната на грчката кауза водејќи борба со четите на Македонската револуционерна организација.
Како андартски капетан влегол двапати во Македонија. Првиот пат во 1905 година под псевдонимот капетан Филотас и дејствувал во Костурско. Вториот пат влегол во 1907 година како капетан Лаврас и дејствувал во Мариово.
Во текот на Првата балканска војна, четата на Пихеон влегла прва во Костур на 11 ноември 1912 година. Пихеон умира во 1947 година.[1]
Извори
уреди- ↑ „Ο Βλαχόφωνος ελληνισμός της Πελαγονίας“. Архивирано од изворникот на 2011-07-17. Посетено на 2011-01-27.