Филмски плакат
Филмски плакат — плакат чија главна цел е промоција на некое филмско дело. Најчесто тие содржат впечатлива слика која треба да го зголеми интересот кај населието за дадениот филм. Претежно на овие плакати се среќаваат главните ликови од филмот или некоја впечатлива сцена. Често се среќаваат и комбинации од повеќе сцени. Порано се користеле цртежи наместо слики, поради техничките можности.
Освен слика, тие содржат и текст кој скоро секогаш е составен од имињата на главните глумци, режисерот и насловот на филмот пропратен со некој слоган или впечатлива реченица. Најчесто тука е и датумот на издавање или премиерата во кино. Филмските плакати најчесто се објавуваат пред или во кино салите, како и надвор во трговски центри или прометни улици. Истата слика често се користи и за флаери и памфлети или друг рекламен материјал со поинаква големина. Филмските плакати се стари колку и филмовите, со тоа што на почетокот на XX век тие биле едноставни илустрации од некоја сцена или пак уметничка интерпретација на некое случување од филмот или општо ја обработува филмската тема.
Колекционерство
уредиКолекционерството или собирањето на филмски плакати како спомен и сеќавање се среќава заедно со собирањето на автограми, фотографии, поштенски марки и други видови на специфични работи. Собирањето на филмски плакати најмногу се раширило по Втората светска војна. Ентузијастичните колекционери започнале со собирање на филмски плакати иако имало популарни биле и разни видови на памфлети, списанија, специфични салфети и слично. Колекционерството на филмски плакати е распростането и во Република Македонија.[1]
„Филмски плакат“ на Ризницата ? |
Наводи
уреди- ↑ http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1115101110314&id=49&setIzdanie=22133[мртва врска] - статија од весникот Нова Македонија за колекционерот Стојан Петроски од Кичево, објавена на 15.11.2010