Човече од цртички

(Пренасочено од Фигура од цртички)

Човече (или фигура) од цртички, линии или стапчиња, познато и како „глишо“ (множина: „глишовци“), е многу едноставен тип на цртеж составен е цртички (линии) и точки, најчесто во форма на човек или други животни. Главата е претставена со круг, понекогаш со додатни точки и цртички што претставуваат очи, уста или коса. Рацете, нозете и трупот се претставени со прави линии. Постои несогласување за тоа дали човечињата од цртички треба да имаат вратови, но општоприфатено е дека вратовите не се потребни.[1][2]

Човечињата од цртички обично се цртаат со пенкало, молив, фломастер и слично. Низ историјата се цртале многу ѕидни слики со човечиња од цртички, најчесто врежани со остар предмет на цврсти површини како камен или цементни ѕидови.

Обично се цртаат со многу малку детали, бидејќи служат како иконички (пр. пред тоалети за означување „машки“ и „женски“), но лесно се претставуваат и емоции. На пример, закосени „веѓи“ покажуваат бес, раширени „очи“ страв, но обично човечињата од цртички немаат носеви, усти или други детали на лицето, и не покажуваат никакви посебни емоции.

Човечињата од цртички се најпогодни за рекламирање, забава и скицирање.

Историја

уреди
 
Симбол за фонтана со питка вода

Најраните почетоци на фигури од цртички се во праисториската уметност. Десетици илјади години подоцна, писмата што користат слики за зборови или морфеми — на пример, логограми како египетското и кинеското писмо — почнале да ги поедноставуваат знаците за луѓе и други предмети користејќи фигури од цртички. Првата меѓународна употреба на човечиња од цртички е на Летните олимписки игри 1964 во Токио.

Анимирање

уреди
 
Човече од цртички анимирано со Adobe Flash

Човечиња од цртички често се користат во анимации направени со Adobe Flash. Човечињата од цртички лесно се цртаат и се анимираат многу побрзо од целосни цртежи.

Стрипови

уреди

Наводи

уреди
  1. „Comics“. Explosm.net. Посетено на 2009-09-10.
  2. Flickr.com[мртва врска]

Надворешни врски

уреди