Фиброаденом
Фиброаденом - доброќуден тумор на дојките, кој ги погаѓа жените за време на репродуктивниот период.
Опис
уредиФиброаденомот претставува неопластичен раст, составен од фиброзно и жлездено ткиво, а води потекло од специјализираната интралобуларна строма. Се јавува како дискретен, обично осамен и подвижен нодулус, со пречник од 1 до 10 сантиметри. Поретко се среќаваат и повеќекратни тумори коишто ретко надминуваат обем од 10 сантиметри (гигантски фиброаденом). Без оглед на големината, тие се инкапсулирани, така што тешко може да продрат во околното ткиво, а дејствуваат така што само вршат притисок врз околното ткиво, но не ја оштетуваат неговата структура. Фиброаденомот вообичаено не метастазира и само мал процент од овие тумори се претвораат во злоќудни. Ризикот од појава на карцином на дојката се зголемува во случај на сложен фиброаденом што содржи абнормални цисти или густо, непроѕирно ткиво (калцификација).
Фиброаденомот настанува поради долготрајно зголемување на нивото на естроген, што води до пролиферација без да се инволвира во ткивото на дојките. Обемот на овој тумор се зголемува во периодот на менструалниот циклус и за време на бременоста, а откако ќе настапи менопаузата, тој се намалува или исчезнува.[1]
Дијагноза
уредиФиброаденомот може да се открие со самонабљудување, зашто тој се чувствува како цврста грутка којашто вообичаено не предизвикува болка. Точната дијагноза се поставува со мамографија или со ултразвук на дојките. При мамографијата, фиброаденомот се отсликува како маса со мазни, заоблени рабови, различни од околното ткиво на дојката. Со помош на ултразвук се утврдува дали грутката е цврста или полна со течност. Понатаму, може да се направи биопсија, т.е. да се земе примерок од ткивото кој се анализира лабораториски.[2]
Третман
уредиНајчесто, фиброаденомот не бара лекување, но кај некои жени се презема превентивен хируршки зафат. Во секој случај, важно е постојано да се следи грутката во дојките и да се прават редовни лекарски прегледи.[2]
Наводи
уредиНадворешни врски
уредиКласификација | |
---|---|
Надворешни извори |