Фауста (сопруга на Констанс II)

Фауста (околу 630 - после 668) била византиска царица, сопруга на царот Констанс II Ираклиј и мајка на царот Константин IV[1].

Фауста
Византиска царица
Роден(а)7 век
Починал(а)7 век
Цариград
Почивалиште
СопружникКонстанс II Ираклиј
Деца
  • Константин IV
    Ираклиј
    Тибериј
Полно име
Фауста
ДинастијаИраклиева династија
ТаткоВалентинијан

Фауста била ќерка на Валентинијан, византиски генерал од ерменско потекло, потомок на ерменската династија на Аршакидите[2].

Фауста се омажила за Констанс II Ираклиј во 642 година. Двајцата имале три сина:

  • Константин IV
  • Ираклиј
  • Тибериј

Точниот датум на смртта на Фауста е непознат. Познато е дека таа го надживеала сопруг, кој бил убиен во бањата на 15 септември 668 година. Во "За церемониите" цар Константин VII споменува дека царицата била погребана во црквата Свети Апостоли во Цариград.

Наводи

уреди
  1. Kazhdan, pg. 496
  2. Peter Charanis, 'The Armenians in the Byzantine Empire,' Byzantinoslavica 22 (1961), 196–240.

Надворешни врски

уреди
Претходник
Грегорија
Византиска царица
642–668
Наследник
Анастасија