Фатничко Поле е карстно поле во Источна Херцеговина, во Општина Билеќа, околу 3 километри југоситочно од Дабарско Поле. Зазема површина од околу 9,6 км2 и се наоѓа на надморска височина од 460-500 метри помеѓу планините Косматуша, Брусник, Врањевиќ, Кук, Обло Брдо (планина) и Груба Глава. Прежагата Хумац (510 м) го дели полето на Горно и Долно. Изградено е од варовник на горна креда.

Фатничко Поле

Во североисточниот раб на Горното Поле се наоѓаат голем број на извори, додека на југоисток на Долното Поле се протегаат понорите Пасмица. Во дното е всечено сувото корито на Фатничка Река, кое за време на пообилните есенски дождови се полни со вода. Кога понорите не можат да ја примат сета вода, полето се плави од ноември до мај. Популацијата се занимава претежно со земјоделство и сточарство. Најзначајните населби се на североисточните падини — Фатница, Калац и Ораховица.

Поврзано

уреди

Литература

уреди