Фавела е назив за дива населба во Бразил. Овој назив најмногу се поврзува за сиромашните квартови во Рио де Жанеиро и во Саун Пауло, а ги има речиси во секој голем бразилски град. Фавелата е наречена спрема ридот, Моро да Фавела, каде што се појавила првата фавела. Називот на тој рид, фавела доаѓа од името на билка со иглести листови која расте во неплодните предели на бразилскиот североисток.

Росиња — фавела во Рио де Жанеирo

Првобитните населби биле формирани од бегалци и војни ветерани од граѓанската војна во Канудоша, во Баија (1895-1896), така што ја окупирале јавната земја, воглавно во неплодните делови на предгадиата. Оваа населба била наречена фавела, а освен тоа што се наоѓала на исто земјиште како и билката, овие населби успеале да опстојат и покрај условите во кој постоеле. Години подоцна, поголемиот дел на сиромашното население, штотуку ослободени робови, ги замениле бегалците и војните ветерани.

Повеќе пд 70% од населенијата во фавелите се црнци и мелези а водата за пиење им е најголем проблем. Често жителите на фавелите, фавеладори, бушат цевки на градскиот водовод како би дошле до вода. И покрај тешките услови за живот и сиромаштијата, од фавелите доаѓа најпознатото училиште за самба во Рио, а исто така во фавелите израснале и некој од најпознатите бразилски, но и светски фудбалери: Пеле, Роналдо, Ривалдо, итн.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди