ФК Питу Гулимакедонски фудбалски клуб од Крушево. Моментално клубот се натпреварува во Третата фудбалска лига - Југ.

ФК Питу Гули
Целосно имеФудбалски клуб Питу Гули Крушево
Основан1945; пред 79 години (1945)
СтадионСтадион Езеро
(Капацитет: 500)
ЛигаТрета македонска лига - Југ
2020/21
(недовршена)
Трета лига - Југ, 11. од 16 места
Домашни бои
Гостински бои

Историја

уреди

ФК Питу Гули бил формиран во 1945 година.[1] Во својата историја клубот настапувал и во Втората македонска фудбалска лига. Во овој клуб својата кариера ја има почнато познатиот македонски репрезентативец, Илија Најдоски, а во Питу Гули има настапувано и Гоце Седлоски. Во сезоната 2018/19, клубот го освоил првото место во 3 МФЛ - Централен регион и бил унапреден во Втората лига - Исток. Во прекинатата сезона 2020/21 на Третата лига - Југ, екипата на Питу Гули завршила на единаесеттото место.[2]

Стадион

уреди

Клибот настапува на Стадионот Езеро. Тој се наоѓа во северниот дел на Крушево, во близина на Крушевското Езеро. Поради езерото, стадионот е така именуван.

Наводи

уреди
  1. „Pitu Guli“. Macedonian football. 31 August 2009. Посетено на 2010-09-08.
  2. „3.MFL SOUTH 2020/21 STANDINGS & RESULTS“. Macedonian football. Посетено на 11 март 2022.

Надворешни врски

уреди

ФК Питу Гули на MacedonianFootball