Стоматолошка комора на Македонија
Стоматолошката комора на Македонија (СКМ) — независна, непартиска и непрофитна организација на докторите на стоматологија кои вршат професионална дејност, за заштита и унапредување на стручноста, етичките должности и права, подобрување на квалитетот на стоматолошката здравствена заштита, следење на односот на здравствените работници кон општеството и граѓаните, како и заради заштита на интересите на стоматолошката професија.
Лого на СКМ. | |
Кратенка | СКМ |
---|---|
Основана | 12.08.1945. |
Вид | стручна организација (невладина) |
Седиште | ул. Алберт Ајнштајн бр. 7а |
Место | 1000 Скопје, Р Македонија |
Претседател | Д-рСци Владо Ванковски |
Мреж. место | http://www.stomatologija.org.mk/skm/ |
Комората ги застапува и заштитува интересите на сите доктори на стоматологија кои се нејзини членови и доброволно пристапиле во неа и се грижи за угледот и дисциплината во вршењето на стоматолошката професија, независно каде ја обавуваат својата дејност.
Активности на Комората
уредиВо остварувањето на своите цели, Комората ги врши следниве задачи:
- Води регистар на сите доктори на стоматологија што работат во стоматолошката здравствена дејност во Република Македонија кои се нејзини членови.
- Донесува акти - правилници за постапката на издавање, продолжување и одземање на лиценцата на членовите на Комората.
- Донесува Кодекс на стоматолошката деонтологија.
- Се грижи за почитување на етиката и правните норми при вршењето на стоматолошката пракса.
- Се грижи за придржување кон моралните принципи, чесноста и приврзаноста кон стоматолошката професија, за угледот на докторите на стоматологија, за дисциплината во извршувањето на стоматолошката професија и за чување на лекарската тајна.
- Се грижи за одбрана на честа и независноста на стоматолошката професија.
- Се грижи и го поттикнува постојаното стручно усовршување на своите членови, за која цел организира семинари, курсеви и други форми на усовршување.
- Учествува во склучување на договори со Фондот за здравствено осигурување и ги штити правата и интересите на докторите на стоматологија пред Фондот. Правото на склучување на договори со Фондот е подеднакво за сите доктори на стоматологија.
- Учествува во утврдувањето на вредноста на трудот на докторите на стоматологија и во донесувањето на основната цена на стоматолошките здравствени услуги.
- Дава мислења во подготвувањето на законите и прописите, планските документи и кадровски планови во областа на здравството во Македонија и соработува во утврдувањето стручни ставови за вршењето на стоматолошката лекарска пракса.
- На своите членови им дава правна помош во врска со вршењето на стоматолошката професија во рамките на задачите на Комората.
- Ги следи потребите на докторите на стоматологија и им помага во барањето вработување и соодветна замена за време на отсуство.
- Се бори против сите видови надрилекарства во Републиката и против нелегална стоматолошка дејност.
Организација на Комората
уредиОргани на Комората се: Собрание, Извршен одбор, претседател, два потпретседатели, Суд на честа и Надзорен одбор. Мандатот на членовите на Собранието и на органите на Комората трае 4 (четири) години, со можност за избор најмногу двапати едно подруго.
Комората е организирана во Регионални одбори на дел, една или повеќе општини во зависност од бројот на стоматолозите и едниствена Стручна служба.
Надворешни врски
уреди- Мрежно место на Стоматолошката комора на Македонија. Архивирано на 15 септември 2008 г.