Уште една тура (филм)

„Уште една тура“ (дански: Druk) — данско-шведски филм од 2020 година, во режија на Томас Винтерберг. Главните улоги ги играат: Мадс Микелсен, Томас Бо Ларсен и Магнус Миланг. Филмот е добитник на наградата на БАФТА, како и на „Оскар“ за најдобар странски филм (покрај тоа, бил номиниран и во категоријата „најдобра режија“). Микелсен, пак, ја освоил Европската филмска награда за најдобар глумец.[1]

Druk logo.

Синопсис

уреди

Филмот е необична приказна за група професори зафатени од кризата на средните години, кои ја испитуваат теоријата дека животот може да се унапреди со постојано одржување на нивото на алкохол во крвта. Нивното постојнао опивање ги доведува во различни ситуации, од забавни и смешни, до опасни. Притоа, секој од нив на свој начин се носи со годините, проблемите на работното место и во семејството, но најпосле, секој од нив мора да сфати дали алкохолот е помош или само уште еден од проблемите.[2]

Наводи

уреди