Утхерн
Утхерн (германски: Uthörn) — мал германски остров во близина на Зилт во округот Северна Фризија и со тоа најсеверен остров веднаш зад Зилт. Припаѓа на општината Лист.
Утхерн погледнат од јужниот брег на „Кенигсхафен“ | |
Географија | |
---|---|
Место | Кенигсхафен, Ваденско Море, Германски Залив |
Координати | 55°2′10″N 8°25′50″E / 55.03611° СГШ; 8.43056° ИГД |
Архипелаг | Севернофризиски Острови |
Површина | 0,13 км2 |
Должина | 780 м |
Ширина | 240 м |
Брегова линија | 1.800 м |
Највисоко место | 4,1 м |
Највисока точка | дина |
Држава | |
Покраина | Шлезвиг-Холштајн |
Округ | Северна Фризија |
Демографија | |
Население | 0 |
Дополнителни податоци | |
заштитена област |
Географија
уредиОстровот се наоѓа во т.н. „Кенигсхафен“ (Кралско пристаниште), залив на источниот брег на Зилт, кој е свртен кон плитките плимни рамнини на Ваденското Море. Утхерн се наоѓа северно од Лист, неколку километри од полуостровот „Елбоген“ (Ellbogen) на Зилт, што всушност е најсеверен дел на Германија.
Утхерн е скоро 800 метри долг и до 240 метри широк, неговата област зафаќа околу 13 ха. Островот е релативно млад, откако се развил од песочен брег, кој поради насоката на ветерот од Зилт пораснал до височина од околу 4,10 метри над морето и не е повеќе потопуван во текот на високата плима. Се верува дека растот на Утхерн ќе продолжи и во иднина.
На островот главно се сретнува трева која расте на дините.
Заштита
уредиУтхерн се наоѓа само неколку метри оддалечен од брегот на Зилт и до него може да се стигне пешки преку плиткото море. Но, бидејќи обезбедува место за одмор и гнездење на ретки и загрозени морски птици и се наоѓа во рамките на Националниот парк Ваденско Море, до него може да се дојде само со специјална дозвола.