Т-64 — прв советски тенк со тројца членови на екипажот, што се должи на инсталирањето на автоматски полнач на топот. Бил дизајниран во исто време со Т-72. Првиот прототип бил завршен во 1960 година, додека сериското производство почнало во 1969 година. Новина бил 125-милиметарскиот топ со мазна цевка, кој подоцна станал стандард за сите руски тенкови. На неговата основа бил развиен поуспешниот Т-80. Т-64 го доживеал своето огнено крштевање на 20 јуни 1992 година за време на битките во близина на градот Бендер во Молдавија.

T-64
T-64BV модел 2017 во 2021
ТипОсновен борбен тенк
ПотеклоСоветски Сојуз
Употребна историја
Во служба1966–до денес
КориснициВиди Корисници
Војни
Производна историја
КонструкторХарковско конструкторско биро за машиноградба
Конструирано1951–1962
ПроизводителMalyshev Factory
Год. на производство1963–1987
Произведени≈13.000
Тех. особености (T-64A[1])
Тежина38 t
Должина9,225 m (со цевката на топот)
Ширина3,415 m
Висина2,172 m
Екипаж3 (возач, командир, топчија)

Главно
наоружување
125 mm топ со мазна цевка D-81T (познат и како 2A46)
Помошно
наоружување
7,62 mm митралез ПК, 12,7 mm противавионски митралез НСВ
Погон5TDF 5-цилиндерски дизел 13,6 литри
700 КС(522 kW)
Моќност/тежина18,4 КС/тон (13,7 kW/тон)
АмортизацијаТорзиона суспензија
Работен
дострел
500 km, 700 km со надворешен резервоар
Брзина45 - 60 км/час зависно од верзијата

Огнена моќ

уреди

Основа на огнената моќ на Т-64 е 125-мм топ со автоматско полнење 2А26М2 со вертикално поставена муниција за која се зборува дека е опасна за екипажот. Поради оваа причина, подоцнежните тенкови (Т-72, Т-80, Т-90) добиле автоматски полначи со хоризонтално поставена муниција. Покрај обична муниција, верзијата Т-64Б е опремена и со системот 9К112-1, кој ја користи противтенковска наведувана ракета 9М112М Кобра, со која може да уништува цели на оддалеченост до 4.000 метри. Пробојноста е 600 mm на хомоген челичен оклоп. Може да се гаѓаат неподвижни и подвижни цели во движење.

Оклопна заштита

уреди

Оклопот на Т-64 се состои од челични плочи за телото и лиен панцирен челик за куполата. На посебно осетливи места на предната и челната страна на телото на куполата поставен е околоп кој се состои од челик и плочки од стаклопластика. Се поставува и реактивно-експлозивен оклоп.

Покретливост

уреди

Т-64 е придвижуван од двотактен, петцилиндричен дизел мотор 5DTF со моќност од 700 КС и максимална брзина од 75 km/h. Неговиот домет е 400 км.

  • брзина на пат: 75 km/h
  • брзина на терен: 35 km/h
  • сооднос моќност-тежина: 16,2 т
  • досег: 400 km, 700 km со надворешни резервоари
  • притисок на земјата: 88 kPa
  • длабочина 1,8 m во вода, со дишалка 5 m
  • најголем нагиб 30°

Корисници

уреди

Наводи

уреди
  1. T-64A Main Battle Tank Архивирано на 9 февруари 2015 г. Kharkiv Morozov Machine Building

Надворешни врски

уреди
  •   Т-64 на Ризницата ?
  • (германски) Kampfpanzer T-64
  • (англиски) T-64 Архивирано на 21 јануари 2009 г.  Оригиналната верзија на страната архивирана на 21 јануари 2009 и Bulat Архивирано на 19 октомври 2004 г.  Оригиналната верзија на страната архивирана на 19 октомври 2004 на КМДБ (Страница на произведувачот)