Тумен (река)
река во Азија
Тумен или Туманаја кинески: 图们江, Туменџанг; — корејски: 두만강 Туманган; руски: Туманная) е река долга 521 км и истата служи како граница меѓу Кина, Северна Кореја и Русија. Реката извира во планината Бекду и се влева во Јапонското Море.
Тумен (река)
| |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Кинески назив | |||||||||
Традиционално | 圖們江 | ||||||||
Упростено | 图们江 | ||||||||
| |||||||||
Корејски назив | |||||||||
Чосонгул | 두만강 | ||||||||
Ханча | 豆滿江 | ||||||||
| |||||||||
Манџурски назив | |||||||||
Манџурски | (Тумен ула) | ||||||||
Монголски назив | |||||||||
Монголски | Түмэн гол | ||||||||
Руски назив | |||||||||
Руски | Туманная река |
Името на реката потекнува од монголскиот збор түмэн што значи „десет илјади“. Реката е многу загадена од фабриките во Кина и Северна Кореја, но сепак, таа е доста позната туристичка атракција во регионот. Во 1995 година, Кина, Русија и Северна Кореја потпишале договор за Економскиот развоен регион „Тумен“.[1] На реката се наоѓаат градовите Хоерјонг, Намјанг и Онсонг во Северна Кореја и Тумен и Нанпинг во Кина.
Галерија
уреди-
Мост на Тумен од 1941.
-
Поглед кон Северна Кореја.
-
Поглед кон реката.
-
Карта на реките во Кореја со приказ на реката Букхан.
Наводи
уреди- ↑ „HighBeam Research - Article: Accord on Tumen River Area Development to Be Signed“. Архивирано од изворникот на 2019-12-15. Посетено на 2012-02-15.