Сред Село (Могила)

археолошко наоѓалиште во Македонија
(Пренасочено од Тумба I (Могила))
Сред Село

Карта

Местоположба 41°6′29″N 21°22′42″E / 41.10806° СГШ; 21.37833° ИГД / 41.10806; 21.37833
Основни податоци
Место Могила
Општина Могила
Тип

 населба


Период неолитско време
Портал „Археологија“

Сред Село или Тумба Iархеолошко наоѓалиште во битолското село Могила. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа во централниот дел на селото, на местото на кое се наоѓаат задружниот дом, амбулантата и старото училиште. Со изградбата на овие објекти тумбата е зарамнета и речиси целосно уништена. Во 1975 година, непосредно пред поставувањето на темелите за амбулантата е извршено сондажно копање при што е пронајдено дека во длабочина до 1,50 м културниот слој е нарушен со вкопување на гробови од средновековна некропола, како и со копањето на јами во кои се најдени керамички садoви од времето на Словените. Дебелината на културниот слој, од сегашната површина до здравицата, изнесува 6 м и во него се издвојуваат два културни стратума со множество керамички садови, култни предмети и орудија од кремен, камен и коска, кои временски му припаѓаат на постариот неолит во Пелагонија, односно на велушко-породинската културна група.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069