Тумба (Новаци)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Тумба“
| |
Поглед на денешните селски гробишта | |
Местоположба | 41°2′30″N 21°27′21″E / 41.04167° СГШ; 21.45583° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Новаци |
Општина | Новаци |
Тип |
|
Период | бронзено време |
Портал „Археологија“ |
Тумба или Селски Гробишта — археолошко наоѓалиште во битолското село Новаци. Претставува населба од бронзено време. Се наоѓа на 500 м северно од селото, веднаш до левата страна на патот за Добромири. Тумбата има средна големина, со зачувана височина од 6 м и неправилна кружна основа. Во Првата светска војна при копањето на ровови се направени значителни оштетувања, а во поново време тука се сместени селските гробишта. По површината може да се сретнат многубројни фрагменти од керамички садови и орудија од камен. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |