Тумен (река)

река во Азија
(Пренасочено од Туманаја)

Тумен или Туманаја кинески: 图们江, Туменџанг; — корејски: 두만강 Туманган; руски: Туманная) е река долга 521 км и истата служи како граница меѓу Кина, Северна Кореја и Русија. Реката извира во планината Бекду и се влева во Јапонското Море.

Тумен (река)

Местоположба на реката Тумен
Кинески назив
Традиционално 圖們江
Упростено 图们江
Корејски назив
Чосонгул 두만강
Ханча 豆滿江
Манџурски назив
Манџурски
(Тумен ула)
Монголски назив
Монголски Түмэн гол
Руски назив
Руски Туманная река

Името на реката потекнува од монголскиот збор түмэн што значи „десет илјади“. Реката е многу загадена од фабриките во Кина и Северна Кореја, но сепак, таа е доста позната туристичка атракција во регионот. Во 1995 година, Кина, Русија и Северна Кореја потпишале договор за Економскиот развоен регион „Тумен“.[1] На реката се наоѓаат градовите Хоерјонг, Намјанг и Онсонг во Северна Кореја и Тумен и Нанпинг во Кина.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „HighBeam Research - Article: Accord on Tumen River Area Development to Be Signed“. Архивирано од изворникот на 2019-12-15. Посетено на 2012-02-15.

Поврзано

уреди