Трскар рогозар

вид птица
Трскар рогозар
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Трскари
Род: Acrocephalus
Вид: Трскар рогозар
Научен назив
Acrocephalus scirpaceus
(Hermann, 1804)
Пеење на трскарот рогозар
Cuculus canorus canorus + Acrocephalus scirpaceus

Трскарот рогозар (науч. Acrocephalus scirpaceus) е мала врапчевидна птица од кладот Sylvioidea (трскари), родот на трскарчиња (Acrocephalus). Се размножува низ Европа до западна умерена Азија. Ја има и во Македонија. Таа е птица преселница што зимува во Африка, под Сахара.

Опис

уреди

Трскарот рогозар е долг околу 13 см, со распон на крилјата од 17 до 21 см и тежина од 10 до 15 грама. Горната страна му е кафеава, а долната посветла, жолтеникавобела. Задникот е со портокалова нијанса, опашката е кафеава, долната страна од крилјата е ’рѓа боја, нозете светлокафеави и има влакна во близина на коренот на клунот. Половите се исти. Има брзи замавнувања со крилјата, 18 во секунда и лета со брзина од 10 метри во секунда.

Можат да живеат и до 12 години.

Поведение

уреди
 
Младенче трскар рогозар

Трскарот рогозар е присутен во речиси цела Европа од април до октомври, а зимува во Африка. За да може да го издржи ноќниот лет од 6.000 км, потребна му е акумулација на масти.

Живеалиштето на оваа птица се густите трски крај речните брегови, езера, мочуришта и бари.

Птицата вешто се качува и скока на трските каде се храни со пајаци, мекотели, инсекти и нивните ларви.

Размножување

уреди
 
Acrocephalus arundinaceus

Полова зрелост трскарот рогозар ја постигнува на една година. Обично се моногамни[2]. Сезоната на парење е во периодот од мај до јули. Гнездото го градат ниско на земјата во густа вегетација. Женките несат 3-5 јајца, а ги инкубираат обата родитела наизменично во тек на 11-14 дена. Младенчињата стануваат независни по 10-14 дена. Може да имаат и 2-3 легла годишно. Често, оваа птица е домаќин на паразитската кукавица, бидејќи јајцата им се со исти бои.

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Acrocephalus scirpaceus. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. Leisler, B. & Wink, Michael (2000): Frequencies of multiple paternity in three Acrocephalus species (Aves: Sylviidae) with different mating systems (A. palustris, A. arundinaceus, A. paludicola). Ethology, Ecology & Evolution 12: 237-249. PDF fulltext

Надворешни врски

уреди