Тротинет
Тротинет[1][2] — вид лично превозно средство кое особено го употребуваат децата како играчка. Тротинетот се состои од ниско поставена рамна површина монтирана на две или повеќе тркалца, со управувач на едниот крај на површината, а се движи првенствено со сопствената снага на корисникот, со оттурнување со ногата од тлото.[3]
Обично, модерниот тротинет е изработен од метал, често од алуминиум. Површината на која се стои е тесна, а тротинетот може да се преклопува кај спојот на управувачот со површината за стоење. Вообичаено се поставуваат две тркалца, по едно на секој крај на површината. Тркалата се изработуваат од полна гума или слични модерни индустриски материјали. Постојат повеќе облици на тротинетите, некои имаат поголеми тркала и управувач таков што се прилично слични на велосипед, други имаат три или четири тркала, поставени главно заради поголема стабилност на корисникот.
Тротинетот бил особено популарен во првата половина на XX век. Неколку децении подоцна интересот бил намален, за во деведесеттите години на XX век повторно да стане популарен.
Разлики меѓу тротинет и слични превозни средства
уреди- Главната разлика меѓу велосипедот и тротинетот е погонот, кој кај тротинетот се врши со оттурнување со ногата од тлото.
- Главната разлика меѓу тротинетот и скејтбордот е управувачот со кој кај тротинетот може да поостро да се врти, а кој го олеснува одржувањето на рамнотежа. На скејтбордот нема управувач.
Тротинет со вграден погон
уредиСо развојот на технологијата се појавиле и посебен вид тротинети кој има вграден некој вид дополнителен погон, електричен или мал бензински мотор.[4][5]
Тротинет како тема во книжевноста
уреди- Тротинет сред автопат, песна од збирката „Сепак возможно“ на македонската поетеса Рената Тренеска
- Со тротинет по цел свет, поезија за деца од македонскиот писател Глигор Поповски
Наводи
уреди- ↑ „тротинет“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „тротинет“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „X7 Pro electric scooter review“. GSMArena.com (англиски). Посетено на 2022-07-28.
- ↑ Gist, William (2021-01-14). „How Environmental Are Electric Scooters“. DemotiX (англиски). Посетено на 2022-07-28.
- ↑ M, Peter (2020-12-12). „7 Benefits Of Electric Scooters For Commuting – 2022 Guide“. Ubuntu Manual (англиски). Посетено на 2022-08-18.
„Тротинет“ на Ризницата ? |